Лелеј, ми стигнаја дрвата!
Не знам, култна ми е реченицава со сета македонштина собрана во неа: грижа, крици, радост, сељачизам, перчење пред сограџаните...
Шта чеш, анализирам делови од реченици, тоа ми е професијата.
Кога сме кај култното, ах, април, месецот пред месецот кој последниве неколку години е адреналинскиот врв за нашава факултетска раја поради заминувањето за Америка. А Америка е далеко дете, и не си за таму ако уште мама ти го брише газо или ти аплицира да одиш „без“ твое знаење.
Не знам за вас, ама што се однесува до мене, ако веќе давам 3500+ евра кои ми се под огромен знак прашалник дали ќе ги вратам, поарно ќе ги дадам еден месец да се нашетам боговски, отколку 3-4 месеци да се тресам над секоја кришка леб за да однесам дома некаков приход.
Како и да е, да продолжиме со култноста. Сега следи тажачкиот период, момент пред моментот звани „пакујемо кофере“ кај што се спремаме за далеки пут. Следат интервјуа од најблиските, и дури и кртовите знаат кога тргнуваш на пат. Друштвото ти прави колажи кои ги добиваш во пакет со Милка бомбончиња, а мајка ти веќе има истрошено три тоалетни на плачење. На аеродром се редат сите до седмо колено + кучето и папагалчето, и чиниш подолго се поздравуваш со нив отколку што трае сиот пат до крајната дестинација. Кулминантни моменти: Растајемо се ми и полетувањето + по некоја турбуленција од која си ги подмачкуваш гаќите дури пробуваш да се вклопиш со ладните фаци на западниот свет кои мува не ги лази од тресењето.
За најсреќните, прва дестинација - Њујорк, каде, нормално, освен статуата на слободата, Централ Парк и Тајмсквер (по нашки), друго не постои. Задолжително се прават 50-60 слики во кои единствената забележлива промена ти е накривувањето на веѓата и намалениот хамбургер на тетката што случајно се нашла во позадина. После дводневно патешествие, секој е депортиран кај што одлучил, и тогаш почнува борбата за опстанок со лош рашан-инглиш и двесте долари во џеб. Во судната соба, ја фрлаш торбата, се пцуеш себе и светот трипати, па почнуваш да се средуваш. Пуста торба, внатре уште на дедо ти вилицата фали да залутала, а ти носталгично распакуваш кроасани изгубени во гаќи, папучи, ајвар, икона од светецот - чувар, ѕиври (за секој случај!), гоблени, лекови сошиени во некоја залутана димензија (оти твоиве чуле дека на аеродромот во Цирих биле ептен строги), партиски настроена маица, а за алфа патриотиве и знаме за на ѕид. Задолжително - слики со посвети од најблиските, во случај да те трефне метеор, ураган или нуклеарка од Кореја, па да заборавиш кои се.
Прв пристап до интернет, го менуваш местото на живеење, па потоа два часа бираш на која слика веѓата ти е убаво накривена, а тетката со хамбургерот во позадина најслабо се гледа, за минути подоцна да почне тажачка Vol. 2: The voice overseas, каде домашните, соберени кај роднина кој има фејсбук (сочуство за истиот), те тажат ко паднат јунак и ти кажуваат колку си најубав со забелешка „да јадеш таму“ оти си опаднал.
Е, и ондак никад нисам добио никакву похвалу, а радим ту ко црнац, па забавата може да почне.
Море, кој како си ја нареди, си има и отракани кои се омажија за плишани мечиња со пројден рок на траење.
Враќањето е малку поиспревртен процес од испраќањето. Тука ти спремаат торта - срце со срцепарателна посвета колку си фалел, а оние со инзвонредна и префинета смисла за хумор, те пречекуваат со торта во форма на цицки која ти ја бутаат во фаца уште на аеродром, со погледи желни да знаат колку црнкињи имаш превртено. Сега сите се среќни, ама тешко тебе ако им немаш донесено подарок из далеке Америке со кој ќе се фалат низ маало.
Свако чудо за три дана, па така и вашите 5 минути, а потоа...се гледаме во локалната биртија!
Мех, од досада ги опишувам моментиве. Кој и да оди, најарно нека си помине, ама со памет во глава!