НА МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕСКИ МУ СЕ РОДИ УШТЕ ЕДЕН СИН
Ќе одам на трето за ќерка
На министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески му се роди уште еден син. Неговата сопруга Сања се породи токму на годишнината од нивниот брак.
"Уште кога дознавме дека ќе имаме уште едно дете, Сања на шега рече дека ќе нe израдува токму за годишнината од бракот, и навистина така излезе. На 11 април пред три години се венчаваме со Сања, а сега веќе имаме два сина", рече Јанакиески.
Бебето е тешко 3.950 грама, долго е 51 сантиметар, а се роди во клиничката болница "Систина".
За името на вториот син, Јанакиески вели дека со Сања воопшто не се двоумеле. Им помогнало тоа што првиот син, кој во јануари наполни две години, се вика Михаил
"Името му е Ангел, од Архангел Михаил. Михаил е првиот син, а за овој беше јасно дека ќе се вика Ангел", рече министерот.
Во неговото семејство со генерации наназад има традиција најстариот син да носи име што ќе почнува на буквата М. Па така првиот син го крстиле Михаил, бидејќи Архангел Михаил им е куќна слава, а и за вториот син инспирација им бил истиот светец.
Желба на министерот беше да му се роди ќерка, но откако и по вторпат доби син, тој е решен да оди на трето дете.
"Ќе одиме и на трето дете за да имаме ќерка. Сакаме повеќе деца, ако даде Господ", вели Јанакиески. (М.И.П.)
и јас да сум министер 10 деца ќе правам