Денес баш ко за беља ми се појави желба на ова убаво сончево време да го посетам градскиот парк. Зошто баш ко за беља, ќе се изјаснам.
Уште од самиот старт некаде кај ГТЦ почна да ме нервира онаа теорија на хаосот: Наиме, ако видиш голема група на народ како стои на едно место, биди сигурен дека тоа е најфрекфентното место што може да постои а воедно и најтесно за разминување. Да не речам за оние биљмези со автомобил промоции при самиот крај на ГТЦ. Абе си имате златен плоштад, промовирајте таму коли, овде е искључиво место за пешаци.
Како што се движев понатака покрај кејот накај поштата ме изиритира внатрешната повраќаница што ми се создаде откако ја видов онаа грдосија-чудесија што би се нарекло пловен објект, но мене ми изгледа на нуклеарно склониште.
После мостот кај Жабарот таман помислив дека ќе медитирам во тишината кога гледам напрчени биљмези со моторчиња си се врткаат и си ги мерат кој више кубици има. Ај прогутав кнедла, ипак право на избор е, мада нек си го мерат кај Александар Палас, не мора тука кај што мајки шетаат мали дечиња.
И врвам понатаму , по горниот пат на кеј, нели и како се приближувам кај стадионот приметувам онаа дрскост од сообраќајна неписменост. Наводно горниот пат е з пешаци, мајки со колички и бебиња туку во неколку наврати шибаат и точаци а неретко и по некоја веспа. Е тука ми преврива и седнац на една клупа со ниет да им пројадам трици на овие итака неписмени велосипедисти. И си ги пружам нозете малку на ачик, и си чекам и гледам еден се курчи се праи тротинет ипол. Уште и ми свика демек да пазам до кај ги пружам нозете. Кое пазење бе распекмезено маже, коа доле ти е тебе патеката ДОЛЕ. А замисли да зашибаше пред мајка со мало детенце кое би се учмаело од страв пред пат. И да го акнеше со тоа точакот па да љоснеше доле сосе него на душа. А да не зборам за можностите при падот доле да заврши врз некој велосипедист кој верно си ги почитува правилата. Е така, простаци си тераат, ич уво не ги штима. Да сум им џандар би им го запленил возилото на две недели.
Нејсе продужив после во внатрешноста на новиот дел (другиот дел од паркот - како и да го викаат младите денес). Народ. Многу народ. Со ниет да читам во тишина, не успеав да си го остварам ќефот. Така продолжив дури кај ботаничката градина пред самиот крај и едвај најдов една попристојна клупа и трошка тишина. Поминав едно поглавје од омилената книта и после право натраг. Овој пат решив ќе му е**м матер на гужва и све, и се упатив по долниот пат накај зоолошката што тангира, воедно и најраток. Некаде кај стариот дел на паркот (школка) осетив мало загушување од премногу гужва за да кај Ленинова (или како и да ја викаат сега) ми пукна филм и почнав во себе да пцујам и сите а поготово себе си. Едина светла точка покрај уживањето во пишаниот збор што ми го пружи ова мало осамено патешествие е дека на кратко се видов со една форумџика. Другото се` ми беше прекуглава.
Почнувам изгледа полека да преоѓам во Хари Холер. И тоа колку што и ми дава сатисфакција толку и ме плаши.
So says Saladin