Одам во биро за вработување,
на разговор како мислам понатака.
Гледам на ѕидот плакати за даб-степ, драм 'н бејс концерт
кој треба да се одржи во мај на отворено
но направени како графити и ептен јаки.
И го вртам моабетот на женава,
накај уметност.
Се наоѓаме на исто ниво,
женава е воодушевена од она што го има во мене,
ми одобрува да продолжам со студиите од септември( што пред тоа претставуваше проблем)
ми дава адреси за финансиска помош( што исто не беше можно предходниот пат)
сака да ме запознае со син и( пошто тој е тој кој ги правел плакатите)
да цртам со него и на крај пред да излезам од бирото ми вика:
Дојди да те гушнам еднаш..
и ме гушка со сета сила ко да ме знае 100 години..
???????????????
Се збунив.