После љубовта останува...

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
Дали е тоа се што останува после љубовта?Што воопшто останува после неа?

Телефонскиот број кој пополека избледува во нашите сеќавања.Чаша за млеко со твоите иницијали подарени од него?После љубовта останува навиката да се сипува црното вино во две чаши подеднакво.После љубовта останува едно столче празно во омилениот ваш локал?и зачудениот келнер што секогаш ве служел како сега ве гледа со други.

После љубовта останува реченицата "Убаво изгледаш не си се променила воопшто" и "Јави се некогаш го имаш мојот број на телефон"

После љубовта остануваат темните улици по кои сте се враќале заедно.После љубовта остануваат мелодиите на песните што пеат во радиото кои излагаат од мода.Преполни пепелници и празно срце.Навика да се палат две цигари во исто време иако нема веќе никого во близина.

После љубовта останува повредена суета.Металниот вкус на промашеноста во устата.
После љубовта не останува ништо.КАТАСТРОФА.
gol_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy.jpg
 

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
После љубовта остануваат спомените...и ако била вистинска таа љубов,тогаш тие остануваат засекогаш..
Прости ама велат дека ако некоја љубов била вистинска не би требало никогаш да прекине.Се надевам дека се сложуваш.Поздрав(wave)
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Прости ама велат дека ако некоја љубов била вистинска не би требало никогаш да прекине.Се надевам дека се сложуваш.Поздрав(wave)
немора да значи..можеби не била вистинска од другата страна.. јас барем така мислам..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
после љубовта остануваат спомените-да ама тие не се губат
остануваат засекогаш,добри или лоши
еден ден ќе дојде кога сите ќе кажеме еееее јас кога бев тогаш.......;)
зависи како завршува љубовта ама добро би било да остане едно пријателство после неа-не секогаш е така
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Aleksis

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
за чудо се уште го памтам бројот на мојата прва девојка колку и да се трудам да го заборавам а бројот е :pusi 070 330 5** ;), ама што ќе правиш секогаш се памти првата и последна девојка :p, мада не треба така да се гледа ама луѓе сме нешто не врзува со поранешните врски некои посебни моменти ...
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Прости ама велат дека ако некоја љубов била вистинска не би требало никогаш да прекине.Се надевам дека се сложуваш.Поздрав(wave)

не мора секогаш да е љубов во прашање има и посебни моменти едноставно нешто што на моменти ќе те потсејќа на таа :pusi