True_Blood
Чекав да ја начекам на тема на која што нема да се согласуваме, за да почниме со дебата, а потоа да го пишам тука мислењето за нејзината личност.
Ја почитувам многу. И тоа почитување се крие токму во тоа што секогаш кога дебатираме, јас останувам на своето таа останува на нејзиното, ама не се караме и дебатите секогаш се одвиваат на толку високо ниво што едвај чекам пак да ја најдам на дел каде што не се согласувам со неа, за повторно да се отвори дебата. Нема тука лоши мисли во ниту еден дел од секундата од моја страна(а сум со гаранција сигурен дека нема ни од нејзина).
Неодамна имаме дебатирано на едни други простори за разводите и изневерувањата. Верувате некои од речениците нејзини се’ уште ми се вртат во глава?
Ми се допаѓа нејзиниот сарказам, дури и кога е насочен на моја сметка.
Се сеќавам еднаш... дебатираше со друга ИКС персона чие ниво на интелигенција не би требало да го коментирам. Таа неговото ниво го забележа и пазете ја реченицата што му ја пиша(и имајте на ум дека ова е скоро пред една година а јас го знам на памет оти се смеам како луд кога ќе ми текне)
: Забите да си ги поправиш со новата техника на поправање: Харикири
Покрај нејзиниот сарказам, смислата за хумор и’ е доста истанчена, некогаш двосмислена, секогаш навредлива(ако почувствува дека имаш некоја маана има да ти ја дупчи додека почне да ти трне местото).
Сепак е личност која цени интелигенција, и која не подлегнува под влијанија. Тоа ми кажува колку голема душа поседува.
Не знам зошто, ама во сета нејзина цврстина и во сета нејзина „дивина“ јас гледам една прекрасна слатка личност, која во мојата фантазија плени со својата насмевка...
Морам да напомнам дека, ќе ја почитував многу повеќе ако ми ја сакаше Елена од Вампирине, ама