Многу сме станати ситничари сите, се нервираме и стресуваме за се и сешто, а сето тоа си го прави своето и ондак наеднаш оп!!!...ќе си го земе делот. Е така ти е...
Друго, примеќам и ме изненадува што луѓето, посебно мојата и помладите генерации многу селективно примаат информации.
Го прифаќаат само она што се согласува со нивните мислења и верувања. И после немало да имаме униформирано и омогенизирано општество! Ма каде бре..
Не ни помислуваат да прочитаат или слушнат што лошо се случува во светот, дури можеби и од различни извори оти од кај знаеш, кој во што сака да те убеди.
Ама ете, убаво им е така, среќни се. Дезинформирани (во голем број од случаите ) ама среќни бе.
Викам лошо оти, не е се рејнбоус и јуникорнс како што викаат американците. А ако го знаеш лошото, ќе знаеш да го цениш доброто.
Нема ништо помпшно од информацијата, а жално е колку млади луѓе се тотално неинформирани и празни.