Кога последен пат плачевте?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Плачка сум најголема на свет. Се може да ме расплаче.
Последен пат плачев попладнево на фудбал откако добив топка во глава :D Онака сами ми потекоа солзи не дека сакав да плачам.. и почнаа да ме гушкаат сите и од што сочувствуваа се расплакав : )))
Немој да бидеш тооолку сигурна :)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Многу често плачам , морам да признаам плачам од бес , не од тага.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Последен пат пред десетина минути... Да му се ненајде бре, трети пат од сабајле...
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
последен пат плачев пред некој месец кога ми се роди внукичка и кога го видов бебчето,наплив на емоции и се расплакав:D
 

BokoLoco

Нов член
6 април 2013
26
24
3
30
Скопје
Пред 7 години. Од тогаш сум си рекол дека веќе нема да плачам, а како што сум си ветил, така сум си исполнил.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Пред 7 години. Од тогаш сум си рекол дека веќе нема да плачам, а како што сум си ветил, така сум си исполнил.

Не верувам дека си направил нешто добро за себе со тоа ветување.
Можеби 7 години не ти се слеале солзи низ очите, но затоа срцето доживувало бури од емоции кои немале каде да се истурат...
Ако пак немало бури, тогаш морам да прашам, чувствуваш ли ти нешто или пред 7 години си вети дека ќе заборавиш како е да те обземат емоции? : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and Lillian