Ако е прашањето дали постои љубов тука нема дилема. Љубовта не е како животот на Марс па да дебатираме дали постои - дефинитивно постои, научно докажано дури, ако не веруваме на она што го чувствуваме.
Ако е прашањето дали постои вистинска љубов, тогаш треба да се дефинира што е вистинска љубов?
Што е пак лажна љубов?
Дали ако и дојде крај тогаш не е вистинска? Дали ако не е безусловна тогаш не е вистинска? Дали заљубеноста или онаа љубов што многумина ја опишуваат како навика, не е вистниска?
Јас лично не верувам во вечна љубов. Љубовта си минува низ свои фази. Почнува како искра, преминува во рагорен оган и потоа полека стивнува, ако секако не се потрудат партнерите да ја распламтат. Но тоа секако не одзема од фактот дека љубовта има своја тенденција да згасне и не е вечна и на нас е оставено да ја одржиме во живот.
За мене вистинска љубов е љубовта што е чиста, што не е поматена од разум и интерес и сл. Баш напротив дури, љубовта е таа што го поматува разумот и знае да оди наспроти ладниот калкулантски интерес, ако е вистинска.