Она може е од село,ама ти си дечко сељачиште. Ако јас се прашувам, на неа треба да и е срам да биде со тип со вакви размислувања. Тоа што е од село не значи дека девојката не е примерна, културна и добра за да ја водиш покрај себе во јавност. Или копуков подобро ќе се чувствува ако иде со некоја "градска" спонзоруша или дрољичка? Е тек тогаш ќе го подржат другарите. Јас сум девојка од град и не се чувствувам ни гледам како нешто повеќе од девојките од село. А вакви копуци кои демек пребираат и бараат градски девојки со стан/куќа на Водно,во Дебар Маало и сл. секогаш завршуваат со тешки дрољи и ги шетаат сегде со нив, па не друштвото,цел град им се смее.Листајки низ интернет форумите наидав на едно мислење кое малку ме изритира и решив да отворам тема каде што би ги изнеле своите мислења...
Цитатов кажува се...
И би поставила прашање во врска со темата...
Зошто постојат вакви личности на кои им е важно од кај е партнерот?
Се замараат со мислењата на друштвото дека ке го задеваат доколку е од село...
Фрустрации летаат на секаде бидејки е од таму.
Јас би рекла дека тоа воопшто не игра улога кој од каде е бидејки доколку одиме по тие правила постојат многу од град а се однесуваат на сељачки начин што е многу полошо.
А има некои пак што живеат во село пак се по кул од некои од град.
Повелете.