Партнерот е од село...

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
МериСелест
Не секој успева исто да изреагира на омаловажувањето.
Ако јас ти речам еј здраво, од БигорДоленци сум. И ако видам иронична насмевка на твоето лице, можеби ќе знам ироничната да ја направам во засрамувачка, ама некој ќе ја повлече раката и ќе рече „од Кичево сум“...
Поради луѓето што омаловажуваат, и што не ги ценат луѓето како индивидуи, туку како „што поседуваат“ создаден е таков тип на луѓе со многу ниска самодоверба што одлучуваат да скријат.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Срам да ви е!
Таа од село сакала да се омажи со некој од Скопје.
Завртете се наоколу ве молам. Саде спонзоруши врие, без разлика дали машки или женски.
И некоја од Струмица, Битола, Прилеп, нивни строг центар, повторно небитно, сака да се омажи за некој од Скопје. И некој охриѓанец сака да се ожени за некоја од Скопје. А во Скопје гледам ружи цветаат.
Ама зарем мислите дека тоа е до местото на живеење? Ма не, тоа си е до човекот. Исто како што некоја манекенка од тука сакаше да се омажи за тој богаташот од Катар. Или цели накај Париз.
Греота е да омаловажувате вака, ми е чудно што читам вакви работи од членови за кои имав фино мислење.
Научете да ги разграничите работите прво, па зборете.
Жал ми е ако го сфати погрешно постот
кој го напишав,
воопшто не е омаловажување,
ниту пак некоја насочена навреда кон некој
туку општо информативно прашање.
Немав воопшто намера да навредам некого, со тоа, но тоа што се кажува овде на форум во реалниот живот изгледа сосем поинаку.
Скопје го земав само како пример.
Секоја девојка која ја имам досега запознато а живее во село сонува да се омажи во град.
Затоа и прашањето.
А што ќе беше да бевме сите против тие кои се во село?
Немаше никој од сите тие кои беа горди дека се од село, да се јават како такви,
туку сите ќе се правеа дека се од градовите и ќе си ќутеа, иако јас не гледам причина за тоа.
А кој се нашол навреден, тоа е негов проблем а не мој.
 
Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Јас го спомнав Скопје затоа што првично беше така кажано

Итри се селанките тоа јасно ми е;)
Но,да имате прилика дечко од Скопје и дечко од селото,
кој би го избрале??
Исто свиѓање,
исто привлекување,
исто образование, ете се исто
само различни места на живеење?
Си го кажав моето мислење, не е битно од каде е човекот, битно е колку е човек.
Ако тој е вреден, се труди да успее во животот, многу лесно ќе живее каде сака.
 
МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
МериСелест
Не секој успева исто да изреагира на омаловажувањето.
Ако јас ти речам еј здраво, од БигорДоленци сум. И ако видам иронична насмевка на твоето лице, можеби ќе знам ироничната да ја направам во засрамувачка, ама некој ќе ја повлече раката и ќе рече „од Кичево сум“...
Поради луѓето што омаловажуваат, и што не ги ценат луѓето како индивидуи, туку како „што поседуваат“ создаден е таков тип на луѓе со многу ниска самодоверба што одлучуваат да скријат.

Јас кажав дека сум имала дечко од село,и дека воопшто не сум се срамела..
Напротив,јас се гордеев со него...
Имам и пријателки од село...И си живеам со нив...
Не треба да се срами некој од своето потекло...
и да кажеш дека си од село тоа кај мене нема да игра главна улога...
Напротив ке ти подадам рака...
Ама поентата не е да криеш од каде си ...ај на пример се кажеш од Куманово сум на некоја девојка.
Ја покануваш на гости и наместо во градот таа оди во селото...
Тука испагаш будала зошто си ја лажел.
Таа гледа дека нема вистина во она што си го кажувал.
Вистина е дека не секој исто реагира на омаловажувањето.
Ама сепак не треба и вистината да се крие...
Зошто нели на лагата и се кратки нозете.
 
Мене ми е јасно дека не треба да се крие. Кристално јасно. Само ти објаснив според некој мој размислувања зошто девојките/дечковците одлучуваат да лажат.
Претходно биле омаловажувани безброј пати... Самодовербата им отишла на нула... И потоа почнале да кажуваат дека се од градот и изгубиле многу повеќе него претходно, ама ете... Не секој може многу да поднесе омаловажувања.
А омаловажувањата какви и да се... ја горат душата, и тоа ти го кажувам од искуство.
Јас не реков дека ти си омаловажуала некого, само кажав дека поради луѓето што омаловажуваат се случува сето тоа.
И секако, поради високата амбициозност на некој жители на село...
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Јас го спомнав Скопје затоа што првично беше така кажано

Си го кажав моето мислење, не е битно од каде е човекот, битно е колку е човек.
Ако тој е вреден, се труди да успее во животот, многу лесно ќе живее каде сака..
мн битен момент нели ?
Зошто бе играте на таа карта на омаловажување, никаде нема такво нешто работата е едноставна не се изјаснивте дека за или од љубов би живееле и во село еве чупето како си нагласи убаво и вие заслужувате градски деца па макар и на форумот било тоа никој него оспорува ...[/quote]
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena, cupence and Lena

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Ептен ми е мило, вака кога некоја девојка (најверојатно) зад скријан ник на форум ќе се изјасни дека била селанка. :cool:
Brave.... brave girl!
Не само на форумов... НИКАДЕ не си го кријам потеклото. На фејсбук ми пишува, колегите од факс ме знаат, пријателите, сите ме знаат од каде сум. Никому не му засметало тоа... ни на момчињата со кои сум излегувала, ниту на новите луѓе (од град) што ги запознавам.
Зошто толку ви сметаат луѓето од село... стварно не ми е јасно?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ана-Каренина

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Не само на форумов... НИКАДЕ не си го кријам потеклото. На фејсбук ми пишува, колегите од факс ме знаат, пријателите, сите ме знаат од каде сум. Никому не му засметало тоа... ни на момчињата со кои сум излегувала, ниту на новите луѓе (од град) што ги запознавам.
Зошто толку ви сметаат луѓето од село... стварно не ми е јасно?

Никому не сметаат...
Ни мене ни на останатите на форумот.
Барем така мислам...
Пречи тоа што некој не се кажува од каде е а се лупа во гради дека е горд на своето потекло.
Зошто е сепак лага.
Им пречи на мамините синчиња како на оној во воведот што цитирав.
Смета на оние мамини мази...
На тие со кои си излегувала не,ниту на твоите колеги...
Значи сепак...постојат и вакви и такви.
Секакви мора да има...
Добредојде во суровиот свет.
И да...
Не е работата дека ве потценуваме...
Јас не наидов коментар кај што сте...
Туку сосема спротивно...
Дека има многу попаметни од село отколку во град. ;)
 
Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Не се однесуваше на секого.
Мене лично, никој во живо не ме исмејувал поради тоа што сум од село. Сум сретнала луѓе што кога ќе им кажам од каде сум, направиле некоја чудна гримаса (wasntme)... ама никогаш никој не ме навредил во смисла "еј ти од село, глупа си...."

Инаку немам против некому да му смета моето потекло... (нека му смета...се додека не ме навредува или не ми наштетува на било кој начин). Само прашав, ЗОШТО, што му грешам/што сум грешила некому?
Како што има луѓе што мразат педери, религиозни што мразат атеисти... мора да има некој од град да не хејта и нас од село што сме. :D

Едит: А паметни луѓе има секаде, и на град и на село... Му се допаѓало тоа некому или не.