Хамилтон... Си го згреши боксот бе.
Фетел досега ми беше антипатичен, ама после ова денес - неподнослив ми станува. Дадена наредба да не го преминува Вебер, и идиотот сепак го премина. А Вебер заслужи да победи, скоро цела трка беше прв.
Туку, дури сум на муабетот за неподнослив... Тој коментаторот на МРТ... : Т.е. не коментаторот, туку тој „гостин“ што му е.
1. Човече, на национална телевизија си, зборовите како ТИЈА, ОВИЈА, ОНИЈА, и овдЕка - со силен акцент на Е остави си ги за дома.
2. Од општа култура кога некој зборува треба да почекаш да доврши, па да кажеш ти што имаш. Овој „гостинов“ изгледа тоа не го знае. Нон-стоп го прекинува коментаторот, му влетува во збор и се надвикуваат.
3. Не ќе е лошо малку да се сконцентрира на трката. Си зборува типот, си кажува... а ваму на патеката свашта се дешава. Денес ете конкретно, Малдонадо излетува од патеката, а овој кажува какви биле болидите и пневматиците пред 15-20 години.
4. Сфативме уште на првата трка дека му е Алонсо миленик. Не мора толку очигледно да е барем. Денес 284634 пати го спомна, како фалел на патеката, како ќе било поинтересно со него... Добро де, испадна - испадна, шо сеа.
И оваа година Фетел освојува, така ми стои ова.