Според мене Зафирчев и неговата партнерка одиграа најдобро таа вечер, а и судиите најдобро ги оценија. Танцот на Лоба сам по себе беше интересен за гледање, а песната беше одлична, само како што Нермин кажа и во прилогот, Лоба сака да води, а треба машкото да води. Тука имаат негативни поени не од мене туку од судиите. Сеа втората вечер не ги гледав, ама по коментари на социјалните мрежи читам доста позитивни коментари за Белов.
Не ми е јасно како според една емисија се одлучивте за победник, затоа што не значи дека некој ако сега изиграл добро, наредниот пат ќе изигра уште подобро. Ќе играат различни танци и ќе ги видиме во најразлични светла и ќе биде интересно да видиме кој ќе победи и ќе го усоврши своето танцување. Замерки за Миланка и третиот судија затоа што ги ставиле да судат, а овие поима немаат од судење. Првиот судија најреално ги оцени.