И само што мислев да кажам дека нема подебилна емисија од „Прељубници“ и „Све за љубав“ , се појави „Брачни судија“ .
И секако да не ја заборавам „Крв није вода“
И секако да не ја заборавам „Крв није вода“
СДП :зш?Сакам да кажам, дека дефинитивно од утре па наредни 7 недели штрајкувам со глад.
Некој во блиска близина одлучи да пости.СДП :зш?
Седи,петкаМрч mode activated.
Всушност, не ми се мрчи, туку сакам да се жалам.
Онака, ко гревче да се самосожалувам и да си шмрчкам, да ме теши некој, па на крај да си заспијам, за сабајле да биде ко ништо да не било.
Деновиве постојано ми фали нешто недефинирано. Посебно навечер, кога сите светски филозофи можат да ми завидат на темпото со кое ми работи мозокот.
Немам волја и не сакам ништо, а истовремено сакам сè...што и да е тоа сè.
Лицево ми е лом нафрлено. Уметнички може да го наречеме „ѕвездена ноќ“, оти нели, си ги сакаме работите замаскирани во розово, ко газот на Боки во завеса.
Онака, предроденденски мисли. Годините врват, Електро, а ти си уште старата будала.
И не си јака ко што мислиш, и тебе ти треба стапче. За потпора!
Џабе нагласуваш за што, пак звучи погрешно.
Па и една клоца по задник што ќе ме врати во оваа димензија, зошто, искрено, ме фаќа некој страв.
А дотогаш, во мојов паралелен универзум, кредитот си го истрошив вртејќи по броеви за лекувања и донации.
Прочитај едно - насолзи се - донирај. Па друго, па трето...отиде...Барем за арно нека е.
П во ПМС некогаш значи и Пост, а по сè, мојов изгледа уште долго ќе ме дрма.
Пред да се рааааааздени, мислење пиши сиииии, во новиот ден да се избламираш тиииииии.
Море, и Шекспир станав.
Ај сега Шекспир да легне.