Тактика во додворување

Believe

Активен Член
30 јануари 2013
108
141
43
Јас убо ти ја опишав на обичните "смртници" како се одвива една вечер, можеби не со 1 пијачка можеби со 2. Ама откај те знам можеби ти не си од "смртниците".
точно е дека има и такви луѓе кои излегуваат и си шлаат со 2 пијачки цела вечер но јас типично кога ќе излезам си планирам колку пијам и кога излегувам не излегувам за да шврљам наоколу со пијачката во раце ако излезам ќе излезам ќе опнам 5 пијачки минимум и си се забавувам со музика и со другари :) но да не забегуваме од темата многу многу
 
m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
34
Чајџилница
Јас убо ти ја опишав на обичните "смртници" како се одвива една вечер, можеби не со 1 пијачка можеби со 2. Ама откај те знам можеби ти не си од "смртниците".
у право си влез, 2 пијачки макс.,и пари за такси максимум 400 ден таа вечер
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
точно е дека има и такви луѓе кои излегуваат и си шлаат со 2 пијачки цела вечер но јас типично кога ќе излезам си планирам колку пијам и кога излегувам не излегувам за да шврљам наоколу со пијачката во раце ако излезам ќе излезам ќе опнам 5 пијачки минимум и си се забавувам со музика и со другари :) но да не забегуваме од темата многу многу

Па затоа ти реков пријателе во глобала, стандардот е паднат и на тоа се должи. Па сметај и то кафичите сакаат што е можно повеќе ќар сакааат да бидат. Во една чаша пола чаша е празна, а пола е полна со мраз. ;)
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Абе момци бе, не треба толку да се замарате околу пристап.
Што повеќе се замарате, повештачки делува и тука е она клучното за пропаст.
Newsflash: Освен спонзоруша, барем од мое искуство, кога некој така ти прати пијачка и си ја искривува фацата намигнувајќи ти, не може да не се осетиш на некој начин деградирано и како „плен кој се лови на едно пиење“...и тука е грешката.
Едно директно и одлучно „Здраво, јас сум тој и тој...“ повеќе ќе заврши работа отколку 30 пијачки и празни фалби. Барем кај мене секогаш било ценето и барем обичен муабет сум му правела, колку и да не е мој тип, чисто зашто ми пришол на обичен, културен начин, кој денеска е редок ко забите на Рамче.
А со излитени фори и фалби кои ги кажува уште пред да си го каже името, и да сакаш, нема шанси да не се изнасмееш.
И едно клише „Колку е саат?“ или „Кога има автобус за...“ е подобро и покултурно, иако провидно. А не еднаш гледам на една ѝ паѓаат работи од чанта, он застанал ко суртук и ѝ намигнува дури оваа кутрата собира.
А не дека ние сме цвечичи. Онака, апла ми иде на нерви кога некој три саати збира ташаче да пријде на некоја напукана, а оваа само ќе се изнасмее и ќе заврти глава зашто е шефица подземља.
Не знам, до мене е ова гарант, ама си имам некоја теза дека по дискотеки обично се наоѓаат онака, за проплакнување уста, што би се рекло. А кој отишол да се плакне, не припазува многу на фори и слични тракатаници. Вистински пристап и хемија се оние што не се мерат во промили.
 
Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Мислам дека во денешно време момците се полни со страв од одбивање па затоа тешко се одлучуваат да пријдат на некоја. Добро, има надувани девојки па затоа и така некако се јавил стравот. Никој не сака да биде одбиен и повреден, во краен случај навреден, ама од друга страна - друже ти се допаѓа девојката, зашто не се обидеш?? Нема што да се изгуби.
Се согласуавм потполно со Електра околу пристапот како би требало да биде според мене, за да не се повотрувам препрочитајте ја неа ... :D
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Во времето јас кога освојував девојки, никогаш не одев со тактика да пратам пијачка или да се фалам со новите патики колата итн итн. (Можеби затоа што возев лада, и во џеб немав повеќе од 150 денари)
Шала на страна. Сметам дека праќање пијачка на непозната девојка освен ако не е во некој отмен ресторан каде што можеш да ја пратиш пијачката со некоја порака плус, е чиста навреда за девојката. Исто сметам дека ако ја запали мојата нова кола и моите нови патики... значи е спонзоруша, а таквиот тип на девојки дефинитивно не се за со мене - од проста причина што ми се болва од нив.

Сметам дека би изгледало сосем послатко и поубаво да отидеш и да и’ доделиш комплимент - не вулгарен, не нападен, туку сладок.
Примери:
1. Здогледуваш девојка во кафиќ, потоа од време на време флертуваш со поглед - ама не нападно, одиш до неа, прашуваш дали пречиш ако каже дека не пречиш потоа ќе подадеш рака ќе се претставиш и ќе речеш „Од аголот кај што седам, изгледаше прекрасно, дојдов до тебе да видам дали е само до аголот, ама не било“.
2. Во дискотека, убаво танцување, здогледуваш фраерка, го замолуваш келнерот да ти даде пенкало, одиш до девојката и го подаваш пенкалото и ја замолуваш за автограм со коментар„Сакам автограм од најубавата девојка во локалов“
итн итн :)
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063

Кажи ми, освен ако не ти е премногу лично, колку време не си и се пуштил на девојка, односно колку време си оженет?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Кажи ми, освен ако не ти е премногу лично, колку време не си и се пуштил на девојка, односно колку време си оженет?
Женет сум 2 години, а заедно со тие две години во врска сум 8 :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf