Абе момци бе, не треба толку да се замарате околу пристап.
Што повеќе се замарате, повештачки делува и тука е она клучното за пропаст.
Newsflash: Освен спонзоруша, барем од мое искуство, кога некој така ти прати пијачка и си ја искривува фацата намигнувајќи ти, не може да не се осетиш на некој начин деградирано и како „плен кој се лови на едно пиење“...и тука е грешката.
Едно директно и одлучно „Здраво, јас сум тој и тој...“ повеќе ќе заврши работа отколку 30 пијачки и празни фалби. Барем кај мене секогаш било ценето и барем обичен муабет сум му правела, колку и да не е мој тип, чисто зашто ми пришол на обичен, културен начин, кој денеска е редок ко забите на Рамче.
А со излитени фори и фалби кои ги кажува уште пред да си го каже името, и да сакаш, нема шанси да не се изнасмееш.
И едно клише „Колку е саат?“ или „Кога има автобус за...“ е подобро и покултурно, иако провидно. А не еднаш гледам на една ѝ паѓаат работи од чанта, он застанал ко суртук и ѝ намигнува дури оваа кутрата собира.
А не дека ние сме цвечичи. Онака, апла ми иде на нерви кога некој три саати збира ташаче да пријде на некоја напукана, а оваа само ќе се изнасмее и ќе заврти глава зашто е шефица подземља.
Не знам, до мене е ова гарант, ама си имам некоја теза дека по дискотеки обично се наоѓаат онака, за проплакнување уста, што би се рекло. А кој отишол да се плакне, не припазува многу на фори и слични тракатаници. Вистински пристап и хемија се оние што не се мерат во промили.