Хомосексуалност

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Абе ај пуштете ги на мира педерите,
што ви е?
Секој има право да прави што сака и да го живее животот како сака.
Само некои предрасуди..
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Абе ај пуштете ги на мира педерите,
што ви е?
Секој има право да прави што сака и да го живее животот како сака.
Само некои предрасуди..
Чекај чекај. Ајде диши па издиши... :) Стрикно јас не ги окривувам што сакаат да си го живеат животот ама мислам дека не е потребно да осудат дете да живее во неправилно семејство, без прегратка од мајка/татко -зависи каков пар ќе биде дали лезбејки или педери. Еве ќе се самоцитирам:
Јас сметам дека... ако некој одлучил да живее со коњ наместо со принцеза негово право, ама нека не уништува живот на некое невино суштество...
Што мислиш ти?
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
За да посвојат деца,
е малку потешко.
Министерот на Германија Гидо Вестервеле е п***р( нормален п***р)
пред некое време посвои дете со својот партнер, меѓутоа детето има контакт со биолошката мајка, така да не му фали љубовта на истата.
Зависи од тоа, како тоа дете ќе биде воспитано ид своите родители,
во случајов педери.
Не секој педерски пар има можност и право да посвои дете.
Но има педери и педери.
Не ги осудувам оние педери кои се педери затоа што сакаат да бидат педери( уствари се заљубиле во маж)туку
не ми се допаѓаат оние педери што го прават тоа за да би биле поинакви од другите.
Познавам некој кој толку пати што д п***р, и што не смее да го каже тоа пред другите затоа што нема да биде прифатен како таков од коњиве што ги знам..
Со неговите 35 години никогаш немал девојка или не е виден со девојка, фризер е, и изгледа нормално.
Хрват.
Е сега во неговото друштво се се мачо момци
(поголема машкост нема од тоа) и тој меѓу нив.
Сите од нив изгледаат добро, и тој нон стоп на индиректен начин им кажува дека е п***р(им дели коплиѓенти, ги опишува фудбалерите како се фаќале по нозете или како се секси)и секогаш кога ќе дојдат на тема п***р, ги исмејуваат педерите( нормално и тој самиот за да не приметат).
Кога го сфатив сето ова се ставив на негова страна те ги оправдував педерите, затоа што пробав да се ставам во негова ситуација.
Ми беше благодарен.
И моето мислење е дека секое суштество на планетава има право да биде какво што сака да биде.
Ако ги посматраме животните ќе видиме дека измеѓу нив исто постојат "педерски парови"
Читав некои книги во кои има записи дека и Александар Македонски бил бисексуалец..
И многу други историски личности .
А тоа за децата..
Има педагози и психолози кои одлучуваат дали,
што и како.
Иако сепак мислам дека двајца педери можат понекогаш да му пружат повеќе љубов на некое дете отколку асоцијални мајка и татко кои ги
малтретираат децата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5, MoonFairy and Anakin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Кога се работи за вакви теми или исповеди од некого цтр цтр..не можам односно незнам да реагирам поинаку од она нај нормалното. Се работи за нечии проблеми, дискриминации , љубовни и сексуални конфузии, запознавање на самиот себе...ги читаш и можеш да сочувствуваш со луѓето или ако ти се во блиска околина да им ја понудиш твојата помош - она што го правам јас за моите пријатели. Поентата ми е дека мене хомосексуалноста не ми пречи , не гледам зошто би ми пречела и не разбирам зошто им пречи на луѓето. Ова шо го гледате по телевизииве секој ден, тоа шо слушате тоа што ќе ви се пушти, и јадете тоа што ќе ви се сервира и ве трујат како глувци со програмирани умови , ставени сте на милост и немилост на The Big Brother ко шо би рекол Вуди Ален, тоа не ви пречи мајка му стара а сексуалната определеност му пречи на масава.... не е битно, забегав , само сериозно ваквите теми и мислења ( ми се чини ова на некој сајт беше објавено и коментарите подолу стварно нечовечни ) ме испровоцираа, бидејќи незнам Македонијо дали си прочитала устав и таму еден дел за личните права и слободи , и да се излезе малку од своја кожа , да се осети потребата и болката на друго битие. Утре ќе се родат генарации мои и ваши и ќе бидат милион по различни од нас. И нека бидат !!! Се! Само ова тесноумие не !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and M.Adams

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Се што е ново за нас е неприфатливо. Не дека хомосексуалноста е нова тема, ама во Македонија е табу. И лесно е да се рече -што се кријат, нека си кажат слободно, ама пред кој да кажеш бре? Дискриминации од сите страни. Да не си п***р во Македонија, поголема казна не знам дали има :D
Да сме во едно послободно општество работите би биле поинакви. Па и за деца посвојување, кога тоа дете ќе расте во таква средина, таа му изгледа прилично нормална, па дали на школо ќе го зезаат дека има клемпави уши или двајца татковци нема да биде голема разлика за него. Посебно ако си има хармонија дома и е одгледано со многу позитива...нема што да го жалиме. За жалење се деца кои растат во нездрава средина. Ама тоа кај нас можеби за едно сто години, кога ќе подпаднеме под власт на некоја друга посалам држава :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5 and Lena

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Интересна работа е ова, сите се правиме либерални,модерни не ни сметаат гејовите,изборот си бил на нив,а само се прашувам како би реагирале во ситуација син ви дома да ви донесе дечко?Е тука не верувам дека има некој од нас кој би рекол -ајде зете повели што ќе пиеш...,туку одма има мислењето да ни се смени за 200% во рок од една секунда.
А за посвојување деца не правам муабет,тоа би растело во една неприродна и нездрава средина,и ќе има погрешна перцепција за многу работи,
а кај е зезањето и понижувањето од своите соученици и другари понатака.
Едноставно детето треба да си почувствува и мајчина и татковска љубов.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Интересна работа е ова, сите се правиме либерални,модерни не ни сметаат гејовите,изборот си бил на нив,а само се прашувам како би реагирале во ситуација син ви дома да ви донесе дечко?Е тука не верувам дека има некој од нас кој би рекол -ајде зете повели што ќе пиеш...,туку одма има мислењето да ни се смени за 200% во рок од една секунда.
А за посвојување деца не правам муабет,тоа би растело во една неприродна и нездрава средина,и ќе има погрешна перцепција за многу работи,
а кај е зезањето и понижувањето од своите соученици и другари понатака.
Едноставно детето треба да си почувствува и мајчина и татковска љубов.
Веќе размислував и на таа тема.
Кога би се случило син ми да донесе дома дечко и да ми каже така и така е работава,
ќе бидам првата која ќе го прифати тоа и ќе биде на негова страна.
Замисли само кога твоето дете има чувство дека е напуштено од своите родители само затоа што сака мажи или е п***р?
Нормално ќе се тргне од мене и ќе си го тера својот живот.
Во тој случај би била јас таа која го губи своето дете.
А ако тоа е негов извор на среќа,
тогаш ќе му речам дека си е негов пат,
и ќе бидам тука да му пружам рака ако падне.
Без да го отфрлам и осудувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Lena можеби и до некаде е така,можеби ако не го прифатам каков што е би го изгубила,ама сепак не е сеедно верувај,а не е ни малку едноставно како што го кажуваш.
Можеби некогаш ќе ми се смени мислењето,можеби и нема ама сега за сега останувам зад своето.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Лесно е да се каже на зборови...
Убаво кажа ти violetmoon на никој од родителот нема да му биде сеедно...
А замисли да го фатиш во незгодна позиција со партнерот?
Дали пак ке му аплаудираш.
Не,јас никогаш сум немала предрасуди против хомосексуалците...
Дури имам пријател геј...сосема пријатна личност е за дружење...
Тоа што е геј,не ми пречи да сум во контакт со него :)
За нив тоа е сосема нормално за некои не е...
И ги разбирам зошто не сакаат да се покажат пред светот...
Страв од предрасуди...
А како ке постапам доколку имам син кој е геј?
Тогаш ке знам како ке постапам...
Сега и да кажам знам дека подоцна можам да го сменам мислењето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and violetmoon