Рецензија на филмски ликови

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Сопранови е поблиску до сапуница поради ликовите. Многубројни, повеќето фамилија, вечни драми и проблеми поврзани со нив. Да, ги има премногу и поради тоа има простор да се каже дека серијата е пораздлабочена, иначе би било срамота да е спротивното, покрај толку бројните ликови.
Ајде нека биде agree to disagree, само ќе се задржам на ова. Само зошто Сопранови има повеќе драма и повеќе ликови по тебе тоа ја прави сапуница? Dafuq, по се изгледа не ти е јасен концептот на сапуница. По твојава логика The Wire е најголемата сапуница на сите времиња поради тоа што разработува повеќе ликови од Сопранови и Декстер заедно?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ајде нека биде agree to disagree, само ќе се задржам на ова. Само зошто Сопранови има повеќе драма и повеќе ликови по тебе тоа ја прави сапуница? Dafuq, по се изгледа не ти е јасен концептот на сапуница. По твојава логика The Wire е најголемата сапуница на сите времиња поради тоа што разработува повеќе ликови од Сопранови и Декстер заедно?

Како прво, реков дека е поблиску во споредба со Декстер. Не мислам дека Сопранови и Декстер се сапуници. Како второ, ликовите ги земав за прв пример (серијата е предолга, и како што кажавме, со премногу ликови и потребно е премногу дискусија за да се разглаби поентата/приказната). И мислам дека нема потреба да коментираме повеќе за Сопранови се додека не утврди авторот дека е време да се осврнеме кон некој лик од таа серија.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Јас треба да ја повторам The Wire... Ја изгледав за многу кратко време, сета наеднаш и веќе имам подзаборавено... А дека е една од најѕверските серии, нема муабет тука. Заминавме офтопик(worried)

Нека останат овие мислења, сепак се прави споредба на ликот на Декстер со ликови од други серии... Ова последново мое е скроз офтопик, ама мене не ми смета, поинтересна е темата со повеќе дебата отколку статични мислења за одреден филмски лик.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Како прво, реков дека е поблиску во споредба со Декстер. Не мислам дека Сопранови и Декстер се сапуници.
Се разбира дека и двете не се класични сапуници од типот на Касандра, Росандра, Пичондра и така натаму, но во две работи не се согласуваме. Прво, не значи дека Сопранови е поблиску до сапуница поради тоа што повеќе се фокусира на семејство (Family Redefined - јас би рекол Television Redefined), второ кога се вика дека некоја серија е како сапуница тоа не значи дека таа серија мора да го следи класичниот формат на таквиот тип на серии туку со тоа сака да се каже дека серијата е плитка, штура и без добро разработени кинематографски елементи (као character development нели). Дали сум во право овде, ајде нека биде пак agree to disagree, прашање на вкус.
Јас треба да ја повторам The Wire... Ја изгледав за многу кратко време, сета наеднаш и веќе имам подзаборавено... А дека е една од најѕверските серии, нема муабет тука. Заминавме офтопик(worried)
Ако ја немаш на хард диск, пиши ПП ќе ти пратам торент со добар квалитет (47.5гб сите пет сезони).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Иако немам слободно време и не сум активен на форумов, а и не ме бидува баш многу за пишување, да дадем свое мислење...
Американциве немаат свои херои (како што имаме ние, на пример револуционерите што го дале својот живот за слободата на идните генерации), па затоа мора да ги измислуваат. Мора да им дадат на луѓето нешто во што ќе веруваат, нешто што ќе ги мотивира. Нешто што ќе им покаже дека не секогаш злото преовладува, туку има нешто добро за кое што вреди да се борат и лидер во кој што ќе веруваат. И сето тоа започнало со овој постер, кој што бил наменет за регрутација во војската, за време на првата светска војна.
Zio-Sam-I-WANT-YOU.jpg

Ликот на Декстер го доживувам на тој начин. Убиец-херој кој што ја спроведува правдата, таму каде што полицијата не може.
МериСелест не сакам да се повторувам со Selene и DarkPassenger. Се е веќе кажано, со што потполно се согласувам. Во овој момент не можам нешто да додадем.

dystopian дека серијава не е досадна и предвидлива, го докажува и фактот што е толку добро склопена во целина.
Холивуд ја нуди на тацна скоро истата приказна кај сите херои од Марвел, но тоа не значи дека тие се досадни или предвидливи. Доказ за тоа се милионскиот профит што го добиваат и прифатеноста од целиот свет.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Мене Декстер ми е мнооогу поинтересен од Сопранови...
Имам изгледано неколку епизоди од Сопранови.
Не е мој стил...
И кога слушнам дека некој ја спомнува Breaking Bad со Декстер...
Не знам што да кажам.
Се е до стил нели?
За мене Декстер е најдобар лик од сите серии кои сум ги гледала...
Баш заради тоа како што го опиша DarkPassenger
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
dystopian дека серијава не е досадна и предвидлива, го докажува и фактот што е толку добро склопена во целина.
Холивуд ја нуди на тацна скоро истата приказна кај сите херои од Марвел, но тоа не значи дека тие се досадни или предвидливи. Доказ за тоа се милионскиот профит што го добиваат и прифатеноста од целиот свет.
Јак доказ. И Твајлајт е блокбастер. И Трансформери. Заработувачката не докажува дека филмот е квалитетен, туку докажува дека луѓето најмногу сакаат да гледаат popcorn flicks. Истото важи и за сериите и нивната гледаност. Кои се најгледани серии во регионов?
 

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Јак доказ. И Твајлајт е блокбастер. И Трансформери. Заработувачката не докажува дека филмот е квалитетен, туку докажува дека луѓето најмногу сакаат да гледаат popcorn flicks. Истото важи и за сериите и нивната гледаност. Кои се најгледани серии во регионов?
Кога веќе одиме офтопик, тие не се серии. Тие се сапуници. Најпросто објаснето, разликата помеѓу серија и сапуница е во бројот на епизоди. Серија си има по 60-80 епизоди (во сезона најчесто 12-20), а сапуница по 500-1000 (како на пример Малечката невеста која ја емитуваат веќе 2 години).

Еве ти примери и за американски сапуници: http://www.imdb.com/title/tt0056758/ http://www.imdb.com/title/tt0092325/ http://www.imdb.com/title/tt0069658/
За џабе ти е споредбата помеѓу Декстер и Сопраниви, кога и двете се серии...
Сега ако сакаш може да продолжиме да дискутираме за темава или да одиме офтопик за турски/индиски срања од сапуници, што им се допаѓаат на луѓево во регионов, нивната гледаност и заработувачка, менталитетот на луѓето и сл.

Во врска со твајлајт и трансформери, во право си, заработувачката не е некој голем доказ за квалитетот, меѓутоа конкретно за Декстер, што е со неговите мисли на крајот на епизодите т.е. монолозите, што е со неговата потреба да убива и неговата дисциплина, организираност, уредност, прецизност, брзина и ефикасност, изолираност од човештвото, но и љубовта кон неговата сестра, децата од Рита и неговиот син, почитта кон неговиот очув? Зар тоа е досадно и предвидливо, кај Декстер како лик?

Во врска со линкот што го остави, ликот на Дебра е така замислен секогаш да плаче и пцуе. Секој со свои карактеристики... Нема потреба светлината на продукцијата да биде потемна, бидејќи како што напоменав погоре ова не е жарн хорор, туку серија за убиец-херој. Без ликот на Хари, серијава не би била ова што е. Тој е еден од клучните ликови, кои што довеле Декстер да е тоа што е (инаку би го снашла истата судбина, како детето што Декстер еднаш го остави да живее, а потоа го повтори убиството и се самоуби... нз како се викаше). А за подприказните, како романсата помеѓу ЛаГуерта и Батиста, Дебра и Линди (за него можеле да најдат помлад актер...) и мене не ми се допаѓаат.

Selene и Sarah 1 недела мислим дека е премногу, дискусијата запре... 4-5 дена би биле идеални. И имам предлог да се постави анкета кој да биде следниот лик за дискутирање, која би траела додека трае дискусијата за претходниот лик.
Инаку за нареден јас сум за некој од Breaking Bad. :)
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
И јас се согласувам со warr .
Мислам дека е време да започнеме со рецензија на друг филмски или сериски лик.
Мој избор би бил Монк...Адријан Монк...
Кој го гледал знае за каков човек се работи.
Или пак за некој од Breaking Bad.
A доколку може би можеле да коментираме и општо како глумец...
Џим Кери,Бен Афлек,Ал Пачино,Џенифер Анистон..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
И јас се согласувам со warr .
Мислам дека е време да започнеме со рецензија на друг филмски или сериски лик.
Мој избор би бил Монк...Адријан Монк...
Кој го гледал знае за каков човек се работи.
Или пак за некој од Breaking Bad.
A доколку може би можеле да коментираме и општо како глумец...
Џим Кери,Бен Афлек,Ал Пачино,Џенифер Анистон..
Ја утна темата. Требаше да ми напраиш психоанализа во темата за Психоанализи. :rofl