Еден Златар си седел седел во својот дуќан и низ излогот ги гледал минувачите. Едно девојче се доближило до излогот.
Прекрасните очи добиле радосен сјај гледајќи во еден од изложените предмети.
Одлучно влегла во дуѓанот и со раката покажала кој една прекрасна сино тиркизна огрлица.
-За сестрами е, може да ми ја запаковате како поклон?
Златарот просто не си верувал и го прашал девојчето „Колку пари имаш“?
Девојчето се дигнало на прсти и отворило лимена кутија полна со неколку банкноти, ситни пари, школки и играчки. -Ќе биде ли доволно? прашала гордо -Сакав на постарата сестра да и купам поклон. Откако ја нема мајкани таа само работи и нема време ни за себе, а денес и е роденден и мислам дека поклонот многу ќе ја израдува. А нејзините ја имаат истата боја.
Трговецот и го спакувал поклонот и го дал на девојчето.
-Земи ја, внимавај и оди кај сестра ти. Таа гордо го земала поклонот и тргнала накај дома.
Час подоцна во дуќаноти влегла прекрасна девојка со коса боја на мед и со прекрасни сино тиркизни очи.
Ја ставила кутијата на пултот и прашала -Дали е ова купено од тука?
-Да госпоѓице? -Колку чини ова? -Во мојот дуќан цените се доверливи. Не можам да ти кажам. -Но мојата сестра имаше малку ситни пари, сигурно не можела да го плати ова.
Трговецот ја затворил кутијата и ја дал и рекол -Вашата сестра ја плати највисоката цена, даде СЕ што имаше.