Ајмооо...три за...не. Не продавам денеска крави, недела е.
Не знам, деновиве сум во некоја битка со себе и околината, па толку ми врие однатре, што изгледам совршено ладно однадвор. Прееска морав да се издувам, па сама два пати го претрчав кејот. Сета среќа сите си го топлат газот дома, па немаше многу кој да ми се смее кога се сопнав на рамно. На патот кон дома, приметив едно 9-10 годишно момченце што инстант ме потсети на еден малечок на кој сум била симпатија во основно...и ете ти бура сеќавања.
Деца. Чисти, искрени и смешно-наивни. Па и може имавме по само 20ина денари во џеб, ама знаевме да го подариме светот.
Јас, претседателка на одделението, и тој малиот (за мене) деликвент од погоре (оти два пати побегнал од час)...не бе, не иде.
Новогодишна атмосфера, се делат честитки, иде школска лотарија, го извлекува Електра главниот подарок...даме и господо - ФОТО АЛБУМ!
Шљакнат еден...се колнам, сите други ситници беа поубави! Нели, ко што дворот на комшијата е секогаш позелен.
И оти уште од мала си ја имам навиката да си мрчам гласно кога не ми е по ќеф, запнав со моите ораторски способности да ги убедувам школскиве дека главната награда е посебна, но јас ко добродушна, би ја заменила за едно (како што јас си го крстив) скакавче. Обично, плишано играче кое се растрга со помош на федер.
И тогаш малиов срамежливо, но несебично, ми ја подаде својата награда (скакавчето) и ми рече да си го задржам и албумот.
Дури денес, после толку години, се стопив од топлината на гестот.
Онака, рандом меморија поради која цел ден слушам песни што биле актуелни пред 10+ години, дури не стигнав до една што мамето ми го еба на сите бури што ги собрав овие неколку месеци. И намерно ја пуштив и си дозволив тие 4-5 минути да ги ослободам сите прашања и стравови од себе. Да се запрашам бар една минута да знаев како ќе беше сега, ако тргнев по други патеки, со други околу мене.
Ми фалат многу работи кои се обидувам да ги прекријам со патетичен хумор.
Ама јас сум била силна, не сум плачела, ме тешат. Не...не однадвор.
Така, од една обична секунда, целата сум ко испокршена.
И? Ништо...толку ми е капацитетот деновиве, па само по СДК ме има, не наоѓам опашки по други дискусии...oh, wait...