Сакам да кажам/Сакам да прашам

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ајмооо...три за...не. Не продавам денеска крави, недела е.
Не знам, деновиве сум во некоја битка со себе и околината, па толку ми врие однатре, што изгледам совршено ладно однадвор. Прееска морав да се издувам, па сама два пати го претрчав кејот. Сета среќа сите си го топлат газот дома, па немаше многу кој да ми се смее кога се сопнав на рамно. На патот кон дома, приметив едно 9-10 годишно момченце што инстант ме потсети на еден малечок на кој сум била симпатија во основно...и ете ти бура сеќавања.
Деца. Чисти, искрени и смешно-наивни. Па и може имавме по само 20ина денари во џеб, ама знаевме да го подариме светот.
Јас, претседателка на одделението, и тој малиот (за мене) деликвент од погоре (оти два пати побегнал од час)...не бе, не иде. :D
Новогодишна атмосфера, се делат честитки, иде школска лотарија, го извлекува Електра главниот подарок...даме и господо - ФОТО АЛБУМ!
Шљакнат еден...се колнам, сите други ситници беа поубави! Нели, ко што дворот на комшијата е секогаш позелен.
И оти уште од мала си ја имам навиката да си мрчам гласно кога не ми е по ќеф, запнав со моите ораторски способности да ги убедувам школскиве дека главната награда е посебна, но јас ко добродушна, би ја заменила за едно (како што јас си го крстив) скакавче. Обично, плишано играче кое се растрга со помош на федер.
И тогаш малиов срамежливо, но несебично, ми ја подаде својата награда (скакавчето) и ми рече да си го задржам и албумот.
Дури денес, после толку години, се стопив од топлината на гестот.
Онака, рандом меморија поради која цел ден слушам песни што биле актуелни пред 10+ години, дури не стигнав до една што мамето ми го еба на сите бури што ги собрав овие неколку месеци. И намерно ја пуштив и си дозволив тие 4-5 минути да ги ослободам сите прашања и стравови од себе. Да се запрашам бар една минута да знаев како ќе беше сега, ако тргнев по други патеки, со други околу мене.
Ми фалат многу работи кои се обидувам да ги прекријам со патетичен хумор.
Ама јас сум била силна, не сум плачела, ме тешат. Не...не однадвор.
Така, од една обична секунда, целата сум ко испокршена.
И? Ништо...толку ми е капацитетот деновиве, па само по СДК ме има, не наоѓам опашки по други дискусии...oh, wait...
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Стандард процедура за недела :) Полнење на телефоните.....Подесување на алармите, Зимска работна опрема во чантата.
Зезната недела....Ама барем Челси победи
003.gif


***
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Година дена тука.
Имам што-шта да кажам во овие година дена, па сепак совето искусто како оценка ќе си го зачувам за себе. Објективно ќе споделам неколку потточки.
1. Да не беше Црно-бело форумов, можеби немаше да запознаам нови ликови кои се разликуваат како по интереси така и по карактер. Не наведувам кои, но под запознавање посекако удирам акцент пред се на форумските собиранки.
2. Би додал на продолжување на шаблонот интернет култура која е застапена во секој интернет форум. Желбата за уништување на еден дел од анонимноста како и интимноста е секаде застапена, за жал па и тука. Истото важи и за константната зајадливост како и желба за понижување на одредени членови. Едно е да се збори во името на шегата, друго е кога во сериозните теми се обидува на еден сосема површен начин да се уништи дискусија со банални офтопици.
3. Би ја пофалил администрацијата за испробување на повеќе начини да го смени текот на форумот. Емпирискиот тек, (или јас би рекол - повеќе текови) докажува каде некои работи не штимаат, а каде упалуваат.
4. Нема константа во еден форум дури и ако е далеку попопуларен. Членови доаѓаат, членови си одат. Има активност, има и пасивност. Не треба да се сфати како пропаѓање на светот ако во моментот форумот не е баш најдоброто место за дискусија. Секогаш постои избор. Но како што реков предтоа, форуџиството ме има научено дека по „лошите денови“ изгрева сонце. Што значи на пример ако денес форумот е детска градинка, не мора да значи дека ќе остане така. На крај и на “децата“ им се смачува и заминуваат за да дојдат некои други со сосема други идеи. Но реално да земеме - општите форуми многу ретко созреваат целосно. Има фрагменти каде дискусијата е на ниво, но останатиот дел најчесто е поврзан со оф топици и вон тематски мислења.
5. Што се тиче тука, може да кажам дека имам едно големо искуство +, во врска со дебатирање и како НЕ треба тоа да се прави.
6. Исто морам да се заблагодарам до одредени членови кои ме имаат научено индиректно да не си ја експонирам приватноста тука на форум. Можеби за нив тоа беше негативно искуство, но јас ја ценам нивната понатамошна одлука, дали била позитивна или негативна за форумов воошто.
7. Истотака едно од позитивните работи е што форумов (повеќе би рекол - креативно катче) ме има вратено во креативна мисла и пишување на текст.

Во кратко толку за сега.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Saladin
Честит јубилеј,па сите да си дочекаме уште многу такви.
Би сакала нешто да те прашам и доколку сакаш по директно без многу заобиколки да ми одговориш.
Доколку не сакаш ке ја почитувам твојата одлука и воопшто нема да ти замерам.
Што мислиш,дали лично ти премногу сериозно го сфаќаш форумов?:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Saladin
Честит јубилеј,па сите да си дочекаме уште многу такви.
Би сакала нешто да те прашам и доколку сакаш по директно без многу заобиколки да ми одговориш.
Доколку не сакаш ке ја почитувам твојата одлука и воопшто нема да ти замерам.
Што мислиш,дали лично ти премногу сериозно го сфаќаш форумов?:)
Не. И во реално светло посериозно настапувам и секогаш наоѓам субјективно објективни одговори за секое поставено прашање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Foxboro and alba

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Добро бе шо му е на девојкиве денеска :eek Излегувам у град гледам облекла кошула(ако е тоа кошула глава сечам) и градник.Се се гледа :eek.Луѓе бре,не значи дека ако во Америка е тоа модерно,треба и тука да се носи.А и,сепак ние сме далеку од Америка во се.Јас незнам која е целта со носење вакви :cenzura ''кошули''.Боље соблечи се гола и шетај така.(facepalm)
И после ќе ми плаче на фејсбук ааа не ме сака никој,идам да се убијам бла бла |-(.
Мене мајка ми не би ме пуштила да излезам во петок или сабота навечер или било каде со вакво нешто.А,и јас самата сум свесна дека на овие 17 години тоа нема шанси да го облечам.
Срамота и гревота е бе.Мрш :cenzura
BeFunky_tumblr_mba5x1fNVw1r1kzjwo1_500_large.jpg.jpg
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe