Доаѓам од посао, “капнат како амал после емисија“ ко шо вика “пријателот“ и едино на што ме асоцира се` што ќе погледнам е само (безобразен) кревет. не, не сум спан - тачно. Ич. По цена на оној вчерашнион концерт. Добри се момците. Тоа што ме жести е дека 80 публиката се влажнат само на две песни, Милице и 120. Мада да се влажнеа на 128 ќе беше ретро. Ја би више на стоќец, да бидам поише мејнстрим. Другарот што нон стоп ги разглабаме проблемите на општеството дефиниран како сосила идење контра мејнстримот или т.н. хипстеризам, штета што не дојде. Ќе јадевме после тоа уште толку бабури. Друже, имаше. Ко оној пат у Конак. Само сеа имаше цела ебана аморфна маса, контрадикторности. Очај.
Реков дека момците беа добри. Беа. Малку Бране се задишуеше на моменти, ама коа имаш цела ебана хавана ко кутија со пури, неотворена, ќе се задушиш нормално. Ќеф ми беше ептен шо ја видов и другарка ми со дечкото. Увек се наоѓаме/викаме/доаѓаме на концертите нивни. Шо да кажам - она ме нас`ска на нив. Знае шо е бе добра музика за увце.
Ај сеа уште малку и ручекот ќе почне на маса. После ќе го ѕирнам хипохондарон, да се насмеам тро. Ама тоа ептен после. Прво да си го напунам тро акумулаторот со свежа енергија. За повторно да се вклучам тука. Ти ибам животов форумски.
Over and out.
П.С. требаше да иде ова во дневникот ама некако повеќе сакав да споделам искуство за вчерашниот концерт.