Сајбер неверство - се брои ли?

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Ако се брои психичкото неврество, тогаш и сајбер-неверството се брои!
А сајбер- неверство што е?
Ментална гимнастика.
Не применуваш физички контакт, освен оптоварувањето на твоите мисли со виртуелен лик.
Исто ти се фаќа ;)
 

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
А сајбер- неверство што е?
Ментална гимнастика.
Не применуваш физички контакт, освен оптоварувањето на твоите мисли со виртуелен лик.
Исто ти се фаќа ;)
Се брои, ако некој ја мати водата сигурно бара нешто.
Ај само колку врски се зафркнале од ФБ !!
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Се брои, ако некој ја мати водата сигурно бара нешто.
Ај само колку врски се зафркнале од ФБ !!
Не се разбравме, јас не викам дека не може да произлезе нешто повеќе од навидум обичен виртуелен флерт...Јас само кажав дека психичко неверство и сајбер неверство е иста ствар ;)
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Еве една интересна статија во врска со темава.

Дали онлајн неверството е само невина забава или нешто многу повеќе од тоа?

image.jpg500.jpg


Не е едноставно да се каже каде е границата која го дели невиниот флерт од нешто многу посеризоно, нешто што ќе не вовлече во сериозен емоционален однос и ќе создаде нава, а ќе ја уништи старата врска.
Како вие ја дефинирате состојбата во која се случува интимност помеѓу двајца луѓе кои никогаш до сега не се сретнале?

Дефиниција за неверство – НЕМА!
Дали е тоа еден невин пијан бакнеж или вистинско неверство претставува страствен секс, еден поглед „понеобичен“ од останатите или...
Би ве уништила ли глетката ако го фатите вашиот партнер како ве изневерува во вашиот кревет на постелнината која заедно сте ја избрале или ако дознаете дека тој делел тајни со личност од спротивниот пол?
Кога ќе се земе се во предвид може со сигурност да се потврди дека емоционалното неверство е многу поопасно од обичниот краткотраен секс.
Точно, не е едноставно да се стави граница помеѓу невиниот и обичен флерт и нешто посериозно од тоа. Но што кога интимноста, сексуална или во било кој друг нејзин вид се случи помеѓу двајца луѓе кои воопшто не се ни познаваат?
Дали во тој случај би ги обвиниле дека имаат авантура, дури и ако единствениот контакт кој го оствариле бил преку интернет или онлајн неверството е само обична забава?

Невина забава или опасна игра
На сите кои тврдат дека се работи само за забава и ништо друго, би им поверувале доколку не сме чуле мал милион приказни и статистики кои го тврдат токму спротивното.
Во судските пресуди се почесто ја среќаваме стерилната формулација дека партнерите се разведуваат поради „трајни и непоправливи пореметувања во односот, предизвикани од различните карактери “. Хммм..... Какви различни карактери и несогласувања? Едниот е сангвиник, а другиот колерик ?
Вистинските причини ги дава истражувањето кое се вика „вистински“ причини поради кои „пукаат “ браковите.
Најчеста причина за развод се наведува неверството на еден од партнерите, но не само класичното неверство туку и онлајн кое е се почесто.
Тука на испитаниците кои биле во сериозна врска им било поставено прашањето, зошто воопшто имаат профили на некои од популарните друштвени мрежи? А одговорот бил очекуван: „За забава и надополнување на она што го немаат во приватниот живот, како и за пополнување на времето кое го поминуваат дома“.

is-500.jpg


Емоционалната страна на онлајн авантурите
Границата помеѓу флертот и љубовта не е видлива, а ни многу цврста. Затоa штом еднаш тргнете по тој пат тешко дека ќе може да се вратите назад без никакви последици.
Досега сте гледале на таа личност како на некој непознат со кој немате ништо заедничко, но веќе денес само еден ден подоцна, за прв пат ги почувствувавте неговите чувства, му ги откривте вашите...му дозволивте едноставно да влезе во вашиот свет во кој не пуштате никој.

Зошто? Што се случило?
Можеби тој некој ви испратил порака исполнета со чувства и убави зборови кои се „претвориле“ во клуч кој го отворил вашето срце? Можеби сте се почувствувале само осамени или пак сте биле расплакани од вашиот партнер...
Без разлика што и да се случило веќе сте и дозволиле на оваа личност да ја премине границата. Оние кои до вчера биле странци за вас, сега ви се поблиски од луѓето со кои постојано сте опкружени, вклучувајќи ја и личноста со која сте во врска во овој „вистинскиот“ свет.

Имам толку силни чувства за некој кој не го ни познавам
Значи тоа е тоа. Сте ја преминале границата, сте дозволиле чувствата да ве одведат предалеку, сте створиле врска со некој кој не го ни познавате. Можете ли самите на себе да си објасните дека таа личност постои само во виртуелниот свет?
Како е тоа возможно- секогаш се прашувате? Дали навистина ја сакате таа личност или само сликата која ви ја подметнала вашата фантазија?
Чувствата не знаат за физички препреки. На нив им е сеедно дали се работи за некој од соседството или за некој кој живее на Гренланд. Емоционалната врска е воспоставена и ништо од надворешниот свет неможе да влијае на неа.

Онлајн врската ја „јаде“ вистинската
Емоционалната врска без физички контакти, може да биде под еднакво погубна за врската која има „се“.
Најверојатно голем број од оние кои си играат со онлајн „огнот“ не се ни свесни какви последици може тој да предизвика. На некои едноставно не им е грижа за последиците. Но сигурно во нивните вистински врски постои некој проблем- инаку не би се одлучиле за флерт преку интернет. Како и да е избрале погрешно решение, наместо да побараат утеха на друго место, кај пријателите или партнерот и да ги решат несогласувањата, тие бараат утеха кај сосема непознати личности.

Изневеруваме и без секс
Дали ни одговара или не, факт е дека онлајн врските сериозно не оддалечуваат од домот и врската која ја имаме во реалниот свет. И докажано е дека токму оние авантури во кои нема никаков физички контакт, можат да доведат до сериозни проблеми и последици.
За повеќето луѓе неверството е еднакво на сексуален чин, но емоционалното неверство може да повреди многу повеќе.
Запаметете, влегувањето во онлајн врска претставува игра со оган. Дали таа авантура ќе биде надополнета со физички контакт или не, не е пресудно - и во едниот и во другиот случај бидете убедени дека краткотрајното уживање во забранетото овошје може да ве оддалечи од партнерот и дека затоа ќе платите со раскинување на вашата врска или развод на бракот.
Немојте да се задлабочувате премногу во ова. Бидејќи кога чувствата ќе ве надвладеат ќе бидете глуви за она што има паметот да ви го каже.
Само малку ќе се забавувам, можам да престанам кога ќе посакам – тоа е она на што размислуваме во моментот кога испраќаме порака на некој непознат/непозната на интернет.
Но дали навистина ќе можете да запрете кога ќе посакате? Размислете уште еднаш?
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
А што подразбирате под неверство?
Што е полошо, партнерот само физички да ве изневери, а сеуште да ве сака, или да биде физички со вас, а во мислите со друг?

Неверство е неверство, без разлика дали е сајбер, дали во кревет.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Се брои. Личностите што се дел од сајбер неверство не се еден покрај друг, инаку дефинитивно би преминало тоа и во „реално“ неверство. Фактички, според мене, сајбер неверството е извесно „надоместување“ за тоа што не можат во моментот да се заедно. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Не се брои додека не дојде гледање,интимност и на крај повторно гледање:D
Може на милион да има кажеш преку нет те сакам big deal.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blondie and Ludaca

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
мислам се додека не премине во реално не се брои
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner