Сајбер неверство - се брои ли?

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
неверство си е неверство....доколку решила преку нет да изневерува, во живо е бетер....
 

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
Ако поединецот кој е во таа сајбер врска ја свати таа врска сериозно, мислам дека тоа е неверство, ако понекогаш флертува само заради забава да тепа време, исто како што игра покер тоа е само обичен флерт. Но неретко лугето кои се во сајбер врска се обидуваат да ја продожат врската надвор од виртуелниот свет.
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Неверство си е неверство.Дали на интернет или онака.
Не е работата таму што ќе си пишуваат ,туку промената што ќе ја направи партнерот после тоа.
Тотално се сменува.Некако ладно се однесува,и се осеќа дека нешто не е во ред.
Се додека некој некого не откачи.
И после ко ништо да не било.Преправања на квадрат.:banghead
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
А што подразбирате под неверство?
Што е полошо, партнерот само физички да ве изневери, а сеуште да ве сака, или да биде физички со вас, а во мислите со друг?

Неверство е неверство, без разлика дали е сајбер, дали во кревет.
Многу дискутабилни прашања а ниту еден одговор, ајде јас да го скршам мразот и воедно да го демантирам твојот заклучок Иџо.
Врска... две страни.... изневерениот= поразен, бог.... изневерувачот= извршител, роб.
Стартно да напоменам дека станува збор за класично неверство- секс за една вечер со рандом персона која нема да има никаков приоритет после ритуалот, а чувствува љубов према партнерот.
Под неверство подразбирам прекин, незадоволство, пораз, врвна турболенција што ќе ја уништи довербата како клучен фактор кој ја изградил, опаѓање на морал, надразнување нерви, страшно понижување, знак за непочит, непоправлива грешка. За секој еден збор од горенаведениве може да се отвори тема и да се зборува многу многу опширно...али не би должел на темава.
После овој чин постојат личности кои бараат повторна надеж,со покор према изневерениот молба и апел за повторно соединување со прифат за секакви услови и продолжеток на дотогашните дејствија со една вон нормална цел- желба за заборавање на лукавиот гест и да се зачува дотогашниот коефициент на љубов. Според мене ова е невозможно, првенствено се ствара дебаланс односно се раѓа бог и добива роб, кој за секое свое барање и желба, вечно како адут може да го искористи датумот и преку иронично општење од една проста реченица да го понижи робот кој е немоќен да се одбрани. Секоја одбрана во расправијата претставува апсурд кој ќе предизвика контра ефект на нејзиниот/неговиот нервен систем и длабока болка засолена со срам.
Едноставно луѓето бараат начини, разгледуваат можности но јас тие начини со блага реторика ги нарекувам: семи ретардирани одлуки за неискусните....само совет ќе упатам до нив: ако се случи прв пат, вториот пат е многу полесен.
Околу вториот прашалник. Првенствено да кажам дека физичкото изневерување е убиство, психичкото по дифолт е ирелевантна ствар/ лаж. Секој има свои сонови, никој не мастурбира на неговата секс партнерка, но и не секој ја има таа можност или храброст да го реализира сонот, со квази зборови кажано- сакам секс со комшивката но ја почитувам девојка ми и не би ја изневерил...што значи умисла без дејствие не се тангира како неверство.
Физичкото изневерување е резултат на недостиг на внимание, потреба од новости, бунтовство во душата, авантуристички дух, желни за провод, залажување за подобро, согледување од егоцентричен аспект, бурна расправија, или чувство за гаснење на љубовта. Секој еден ваков резултат произнесува производ/секс ритуал , кој за момент ќе ја ублажи состојбата , но кога ќе се дознае ќе ја пламни со тројно поголем жар и ќе предизвика тројно поголема омраза, бурна расправија,кршење срца а во некои случаи и заби богами.
Доволно беше за прашалников, само сакав да појаснам дека психичко изневерување не постои, тоа едноставно може да се нарекува лаж.
Е сега околу заклучокот, од старт мора да ги разграничиме работите:
1. виртуелно= неопипливо, занес, копнеж, метафизичко, апстрактно, илузија....
2. реално= силно, базирано на искуство, допир, страст, секс, бакнеж, социализирано, друштвено, прегратка, планирање, развивање, пречки, моменти, среќа , тага, тотална вистина (се согледуваат слабостите и јаките страни), амбиција, гордост... и уште милион зборови што ме асоцираат на реална врска.
Имам прашање до тебе Иџо. Каков е тој начин на кој би можеле да те изневерат преку екран?
За да не отворам поширока дебата само метафорично ќе произнесам... пливање не се учи на јутуб.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Интернетот длабоко навлезе во нашите животи. Се повеке врски пропаѓаат заради Фејсбук-от. Многумина имаат долга врска и супер им е со партнерот но сепак минат долги часови допишувајки се со некој, а не ретко разменуваат и по некоа љубовна изјава.
Дали тоа разговарање со саати и разменување љубовни изјави се смета за неверсво, или за неверство е потребно многу повеке од тоа?


не бидејќи сите знаеме што е неверство тоа ти е физички контакт се надвор од него е флертување и ништо друго