Анархизам

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Баш како што кажав во еден мој предходниот пост, секогаш се има избор. Само затоа што некои работи кои не смееме да ги направиме на одредено место или во одредено време, тоа не значи дека не ги правиме. Од тука, слободен си да правиш се што сакаш. Тебе таа власт очигледно не те спречува, штом го правиш тоа што е забрането. Исто како да не постои за тебе. Анархија да има, нема да има власт и пак ќе правиш што сакаш.

Насекаде во светот, во сите држави горе доле ги има истите правила според кои луѓето го живеат животот. Плаќање данок, работење одредени години, ова она... Тоа само докажува дека се важни тие правила и дека одржуваат некаква контрола во општеството.

И факт е дека со преголема либерализација (болтираното на пример) човекот губи контрола и поголеми се шансите да се случи катастрофа. Затоа реков, со причина се поставени одредени правила. Ама реално гледано, сите сме слободни да правиме што сакаме. Постоеле правила или не, секогаш има последици за стореното дело.

Пак ке ти кажам не. Имаш избор ама немаш слобода да го исполниш твојот избор. Имаш избор: да купиш пиво после 7 или не. одлучуваш да купиш ама не можиш зашто е забрането. немаш слобода да го исполниш твојот избор.Не зборуваме за тоа дали го правиш ти или не туку за тоа дали е законски или не.
не ја сфаќаш суштината на анархијата..

Тоа што постои во повеќе држави не е мерило за квалитет. Во земјите на блискиот исток постои правило око за око заб за заб. во западното општество не е така. И тоа и тоа го има. две спротивни решенија за ист проблем. Кое е поточно?

Никогаш слободата не била, не е ниту ке биди проблем.Дали ке ти биди тебе проблем да излезиш слободно да прошеташ по улица, во парк во супермаркет без да се плашиш дека ке бидиш осудена заради некои твои постапки?(тропам глупости сега ти давам еден пример само).
правилата може да постојата ама се додека тие правиле не ти забрануваат нешто и не ти кажуваат како да живееш. Правилата треба да се тука за да ја браната твојата слобода а не да ти ја забрануваат.
Пак ти велам не сме слободни.Ние сме само привидно слободни.Мислиме дека имаме слобода да прави што сакаме а уствари кога подлабоко ке ги погледнеш нештата ке сватиш дека се наоѓаме во еден страшен затвор..
 
Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
прекрасна идеа, совршена состојба, од која што можност за достигнување човекот се повеќе се оддалечува, себичност, волја за моќ, алчност, злоба, завид, дескриминација, национализам, ........
а и скоро сите луѓе, или имаат потреба, или тие сакаат да бидат лидер. (иако не значи дека во анархија нема да постојат лидери, само тој авторитет ќе си доаѓа само од себе, по заслуга...)
слободата јас мислам, единствено може да се достигне во умот,духот.., физички е невозможна..
човековата свест не е на тоа ниво, не можеме сите да имаме еднаква совест и чуство за мера (колку е доста, колку ни е доволно) анархијата не е само безредие, беззаконие.. анархијата е алтруизам, хармонија со природата, љубов, скромност, почит...
за да може да живее човекот во анархија која ќе дојде само од себе треба да заборави не на следење закони туку воопшто на нивно постоење, за да живеењето во анархија си доаѓа само по себе а не по услов.
и секако знаете,. се ова е невозможно.. :place
 
те сакам.... сериозно омажи се за мене зашто досега не сум сретнал мислење на форумов со кое се согласувам толку многу ..
само без последната реченица... се е можно ако си дадеш шанса и слобода да го исполниш тоа..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
те сакам.... сериозно омажи се за мене зашто досега не сум сретнал мислење на форумов со кое се согласувам толку многу ..
само без последната реченица... се е можно ако си дадеш шанса и слобода да го исполниш тоа..

шансата не можеш да си ја дадеш сам,. ниту пак слободата.. не дека треба друг да не ослободи, само тоа е хмм.. состојба (state of mind) во која човештвото треба да се развие заеднички..
ти може да мислиш дека живееш по анархија, сепак никогаш нема да бидеш целосно слободен, независен, непокорен..
да, индивидуалецот е најбитен, но кога е во заедница треба да живее/зависи со колективот.. како и да е колективот колку и да "проповеда" слобода толку и ја држи во окови..

за другиот дел од постот :x:rofl
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Постои многу реален и едноставен начин да се провери дали и колку може да опстои како општествен систем анархијата. Се што треба е да се состави група од луѓе во која ќе има по еден преставник од сите културни, религиозни, интелектуални и социјални слоеви на општеството. По еден муслиман, по еден христијан, атеист, сатанист....криминалец, професор на факултет, питач.....итн, итн. Таа група, да се остави сама на себе, нешто како реалити шоу, и да се набљудува.

Анархијата е премногу детска и наивна идеја. Со толку дијаметрално спротивни интереси, верувања и разлики, на човештвото очајно му треба хиерархија а не анархија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Хиерархија велиш? Хиерархиите види до каде го донесоа човештвото. Патем Анархија и ова ти што го кажа како тест се скроз дијаметрални (да се послужам со твој речник де). Ко прво, анархијата не може да настане туку така ко ти што велиш „Ај ќе собереме рандом луѓе и ќе ги оставиме сами на себе да видиме дали ќе опстанат“. Анархијата вели „Самосвест“, а самото тоа повлекува дека кога самосвеста би била на доволно високо ниво нема да има потреба од слојна поделба, религиозна поделба, државна поделба, статусна поделба и незнамтиуштекаквалитамуне поделба туку сите ќе живеат со ист статус, никој нити повеќе нити помалку. А тоа не може да настане туку така да кажеме „од утре анархија“ ко ти што мислиш дека можеш да го направиш тестот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Outrider

Полека бре момче, се ти некако повеќе од другите знаеш што тие мислат! :) Ајде со ред да појаснам што мислев.
Прво. Никаде нереков дека анархијата настанува со примерот што го дадов, примерот беше во улога на експеримент, дали група од тој вид би опстанала без воведен хиерархиски систем. Група која ќе го отсликува човештвово какво што моментално е, а не какво би можело да биде во некоја далечна иднина.
Второ. Јас зборувам за анархија од овој тип:
Definition of ANARCHY

1
a : absence of government

b : a state of lawlessness or political disorder due to the absence of governmental authority

c : a utopian society of individuals who enjoy complete freedom without government
Дали е можно општествено уредување од овој вид, со човештво кое е на ова социолошко, културно и духовно ниво, најдобар пример би бил еден таков тест.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Хиерархија велиш? Хиерархиите види до каде го донесоа човештвото.
Ќе направам компарација на твојава теза со системот на образование.
Ако одредено училиште не работи како што треба, дали ти ќе го лишиш твоето дете од образованието во целост или ќе бараш друго училиште, кое работи како што треба?
Не е хиерархијата сама по себе таа што допринела за многу негативни прилики во историјата, туку нејзината злоупотреба. Впрочем хиерархијата не е човечка иновација, присутна е насекаде во природата, и во живите и во неживите системи.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Примериве ти се што да кажам, олеле мајко. Ми споредуваш глупости што врска немаат со темава.