Баш како што кажав во еден мој предходниот пост, секогаш се има избор. Само затоа што некои работи кои не смееме да ги направиме на одредено место или во одредено време, тоа не значи дека не ги правиме. Од тука, слободен си да правиш се што сакаш. Тебе таа власт очигледно не те спречува, штом го правиш тоа што е забрането. Исто како да не постои за тебе. Анархија да има, нема да има власт и пак ќе правиш што сакаш.
Насекаде во светот, во сите држави горе доле ги има истите правила според кои луѓето го живеат животот. Плаќање данок, работење одредени години, ова она... Тоа само докажува дека се важни тие правила и дека одржуваат некаква контрола во општеството.
И факт е дека со преголема либерализација (болтираното на пример) човекот губи контрола и поголеми се шансите да се случи катастрофа. Затоа реков, со причина се поставени одредени правила. Ама реално гледано, сите сме слободни да правиме што сакаме. Постоеле правила или не, секогаш има последици за стореното дело.
Пак ке ти кажам не. Имаш избор ама немаш слобода да го исполниш твојот избор. Имаш избор: да купиш пиво после 7 или не. одлучуваш да купиш ама не можиш зашто е забрането. немаш слобода да го исполниш твојот избор.Не зборуваме за тоа дали го правиш ти или не туку за тоа дали е законски или не.
не ја сфаќаш суштината на анархијата..
Тоа што постои во повеќе држави не е мерило за квалитет. Во земјите на блискиот исток постои правило око за око заб за заб. во западното општество не е така. И тоа и тоа го има. две спротивни решенија за ист проблем. Кое е поточно?
Никогаш слободата не била, не е ниту ке биди проблем.Дали ке ти биди тебе проблем да излезиш слободно да прошеташ по улица, во парк во супермаркет без да се плашиш дека ке бидиш осудена заради некои твои постапки?(тропам глупости сега ти давам еден пример само).
правилата може да постојата ама се додека тие правиле не ти забрануваат нешто и не ти кажуваат како да живееш. Правилата треба да се тука за да ја браната твојата слобода а не да ти ја забрануваат.
Пак ти велам не сме слободни.Ние сме само привидно слободни.Мислиме дека имаме слобода да прави што сакаме а уствари кога подлабоко ке ги погледнеш нештата ке сватиш дека се наоѓаме во еден страшен затвор..