Ги гледаш успешните, им се восхитуваш. Се прашуваш на што се должи нивниот успех. Како го прават тоа? Сакаш да испливаш од просечноста. Но не знаеш како. Се обидуваш од нив да научиш, ги гледаш, ги следиш. Сеуште не сфаќаш. Почнуваш да ги копираш мислејќи дека така ќе научиш. Се надеваш дека така и ти ќе бидеш како нив. Но едно забораваш: така си само копија и ништо повеќе од тоа. Не сфаќаш дека тие се успешни зашто се креативни, оригинални. Креативноста не се учи, не се купува, не се стекнува. Или ја имаш или немаш. Можеш да ја надградиш. И така копираш, копираш и се губиш... остануваш само уште една неуспешна копија, како и многу други. Никој не сака копија, секој го сака оригиналот.