Како што подостарев...

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
- Научив дека без разлика колку се грижиш за некој, едноставно тој не знае да возврати.

- Научив дека потребни се години да ја изградиш довербата, а само секунда да се сруши.

- Научив дека без разлика колку некој ти е добар пријател, некогаш ќе те повреди, а ти ќе мораш да му простиш за тоа.

- Научив дека не се работи за тоа колку имаш во животот, туку кој имаш во него.

- Научив дека никогаш не треба да уништиш нечие извинување со некој изговор.

- Научив дека нешто што можете да го направите за секунда, ќе ви создаде главоболка за цел живот.

- Научив дека ќе ми биде потребно многу време додека да станам личноста која посакувам да бидам.

- Научив дека секогаш треба да ги испраќаш саканите со убави зборови. Можеби тоа е последен пат како ги гледаш.

- Научив дека можеш да продолжиш понатаму дури и кога мислиш дека не можеш.

- Научив дека единствено ние сме одговорни за она што го правиме, без разлика на тоа како се чувствуваме.

- Научив дека или ќе го контролираш своето однесување или чувствата ќе ја имаат целосната контрола врз тебе.

- Научив дека страста, на која се базира врската во почетокот, избледува. Затоа подобро е да ја базираш својата врска на друго чувство освен страст, кое ќе трае.

- Научив дека хероите се луѓе кои ќе го сторат она што мораат, без разлика на последиците.

- Научив дека со најдобриот пријател можеш да не правиш ништо, и повторно да поминеш прекрасно.

- Научив дека од оние што очекуваш да те бутнат подолу во поразот, се оние кои ти помагаат да станеш.

- Научив дека кога сум лут/а имам право да сум лут/а, но не и суров/а.

- Научив дека ако некој не те сака на начин на кој очекуваш, тоа не значи дека не те сака со сè што има.

- Научив дека зрелоста е моментот кога имаш повеќе искуство, отколку што имаш години.

- Научив дека колку и да звучи страшно, семејството нема секогаш да биде до тебе. Семејството не е биолошки поврзано, во него спаѓаат и оние кои не се крвно поврзани, па повторно те учат како да веруваш и сакаш само за твое добро.

- Научив дека не е доволно да им простиш на другите. Понекогаш мора да си простиш и себеси.

- Научив дека без оглед на тоа колку си повреден, светот не застанува заради твојата болка и тага.

- Научив дека нашето минато и околностите имаат влијание врз она што сме, но единствено ние сме одговорни за она во што можеме да прераснеме.

- Научив дека богат е оној човек кој има најмногу, но потребно му е најмалку.

- Научив дека само заради тоа што некој се кара, не значи дека не се сака. Или обратно.

- Научив дека нема потреба да ги менуваме нашите пријатели, ако можеме да прифатиме дека тие се менуваат.

- Научив дека не секогаш треба да сте желни да откриете некоја тајна. Тоа може да ти го промени животот.

- Научив дека луѓето може да гледаат во една иста работа, а да гледаат нешто сосема различно.

- Научив дека и тогаш кога мислиш дека веќе немаш сила, ќе најдеш барем малку за да му помогнеш на пријателот во неволја.

- Научив дека луѓето со кои си најповрзан се оние кои си одат прерано од животот.

- Научив дека нешто најтешко во животот е воедно да ја кажуваш вистината без да повредиш нечии чувства и да веруваш во тоа.

Како што подостарев, научив дека луѓето можеби ќе заборават што си кажал или што си направил, но никогаш нема да заборават како си направил да се чувствуваат.

Нешто нај нај оригинално !
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Оригинално или позајмено од друг сајт?

Башка ако темава е за да коментираме за нечие туѓо мислење може да се префрли во Колумни. Во спротивно има многу слична тема - Конечно сфатив дека...
 
ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Оригинално или позајмено од друг сајт?

Башка ако темава е за да коментираме за нечие туѓо мислење може да се префрли во Колумни. Во спротивно има многу слична тема - Конечно сфатив дека...
Да го најдов на Црно Бело , значи многу е вистинито , а темава ми беше со цел да му текне/напише некого односно да се надополни листата:
Научив дека ............... и тн :D
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
- Научив да љубам, да заведувам да ме заведуваат, да земам и да губам....но не и да простувам.
- Научив дека љубомората е слатка во умерени дози, прекумерно е болест што не може да се излечи.
- Сфатив дека оптимистите и упорните владеат со светот и живеат, а другите само преживуваат.
- Сфатив дека еднаш се живее, но ако живееш правилно, еднаш е доволно.
- Сфатив дека парите се релативни а среќата апсолутна.
- Научив да ги ценам луѓето според нивнаот карактер, а не според функцијата.
- Сфатив дека делата на алтруистите оставаат трага со пофални зборови многу години , егоистите се заборавени веднаш по смрта.
- Научив ако не пробаш нема да знаеш, ако пробаш може и да се каеш, но може и да добиеш.
- Научив дека светот е фиксен, луѓето го менуваат.
- Научив дека треба со сите сили да се бориш за нештото кое го сакаш, единствен влог кој не треба да го ризикуваш е својата репутација.
- Во последно време сфатив дека негацијата е алатка која резултира комплекси, а негативните фрази може компаративно да се заменат и би звучеле 10 пати подобро (пр. многу сум дебел, нема да јадам повеќе од 2 лебчина на поручек..... ќе јадам по 2 лебчина за поручек) нека позитивата ви биде приоритет во мислите и изговорот.
- Сфатив дека се е до мозокот, срцето е само огран без кој не можеме да живееме.
- Научив дека разочарувањето е производ на очекувањата.
- Сфатив и знам дека во животот немам многу, но и на тоа малку што го имам , многу ми завидуваат.
- Претпоставувам дека еден ден гордоста ќе ме убие (суперлативно кажано).
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Научив дека на светот му се сервираат многу непостоечки работи, колку да му се задоволи фантазијата - меѓу нив е и правдата.
Научив дека секој за секого знае повеќе отколку за самиот себе.
Научив дека малку се оние кои знаат два пати да ја повторат истата работа(зад твојот грб, и пред тебе).
Научив дека цел живот ќе учам работи и никогаш нема да ги научам сите.
Научив дека за да љубам морам прво да се љубам самиот себе.
Научив дека омразата ќе ме чини скапо.
Исто така научив дека таа омраза е составен дел од секој човечки организам - колку и да се обидуваат некои да го порекнат тоа(во нив сум и јас повремено).
Научив дека еден човечки живот не вреди ни 1 денар, ама 1 денар вреди за десет човечки животи.
Научив дека секоја пропуштена прилика станува неприлика.
Научив дека најважната работа на овој свет е семејството.
Научив дека најсветлата ѕвезда се всушност очињата на сопственото дете.
Научив дека разочарувањето е причината за најголемите немири секаде во светот.
Научив дека алкохолот не е решавач на проблемите - зголемувач е.
Научив дека силата не се крие во ударот - туку во зборовите.
Научив дека листот е единствениот пријател што нема да те издаде. Зборувај му ден и ноќ, ќе те ислуша и ќе ти биде верен до крај.
Научив дека љубомората, натпреварувачкиот дух, зависта, се неизлечливи болести кои многу лесно носат до самоуништување.
Научив дека неуспехот на личноста се крие само во внатрешноста на таа личност.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Како што подостарев почнав повеќе егзистенционалистички да ги сфаќам работите. Не у смисла на непланирано делување туку повеќе да речам прифаќање на работите такви какви што се и делување соодветно на нив.
Истотака како што подостарев, сфатив дека секогаш има и друга страна од медалот како и причини за делување. Или се несвесни или свесни но секогаш има причини - еден вид на континуум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner and Anakin

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Сфаќам оти се повеќе ме боли уво за некои работи. Не се замарам како порано. Но емотивноста за жал остана. И желбата на сите арно да им а за мене ако остане нешто ОК ако не не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
научив дека семејството е најважно од се
научив да го ценам секој момент и секој ден да го живеам како да е последен
научив да бидам смирена и да не покажувам реакција на нечија провокација
научив дека да бидеш мајка е најубаво и најсвето нешто во мојот живот
научив дека многу ретки се вистинските пријатели
научив дека очекувањето најчесто носи разочарување затоа
научив сама да се борам за се што посакувам без да очекувам нешто од другите
научив дека уште не знам се и цел живот сме ученици кои учат најчесто од сопствените грешки
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and Gemini