Морален и егзистенцијален нихилизам

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
замисли човек кој како бебе е оставен во средина во која нема никакво влијание од луѓе
дури нема влијание ни од животни, ни птици, ни инсекти
околу него има само растенија и вода, да речеме тоа би му било оволно да живее и да преживее
кога ќе порасне, некој го наоѓа и решава да го вклучи во цивилизација
прво со што се среќава во новата средина е чин на убиство.
што ќе му значи тоа нему?
добро или зло?
или она што ќе му објаснат дека е?

ако пак тоа бебе е пример Тарзан, за него чинот на убиство ќе значи нормален закон на природата - посилниот го уништува послабиот
неговото „добро“ би било дефинирано од инстинктот за преживување и опстанок.

Така да, колку и да не е ова филозофија по мој мерак, гледано објективно, сосема има смисла

Прво е нереално да се зборува дека е опкружен само со вода. Природата не е човекот и само водата.
Дури и да го земеш бебето Тарзан како најнецивилизациски облик на природата, тој убива ради хранење и страв и знае да сака и да ги брани мајмуните од потенцијална опасност.

Што значи дека и да го доведам Тарзан во секојдневието и да убие некого, без разлика од какви побуди - важно е дека убил - објективна, апсолутна вистина.

А понатаму неговата казна ќе биде резултат на субјкетивни мислења кои ќе го (не) осудат за стореното дело. Јас реков и претходно проблемот со нихилизмот е што негира се. Негацијата не може да се случи кај овој случај дека типот не убил.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
замисли човек кој како бебе е оставен во средина во која нема никакво влијание од луѓе
дури нема влијание ни од животни, ни птици, ни инсекти
околу него има само растенија и вода, да речеме тоа би му било доволно да живее и да преживее
кога ќе порасне, некој го наоѓа и решава да го вклучи во цивилизација
прво со што се среќава во новата средина е чин на убиство.
што ќе му значи тоа нему?
добро или зло?
или она што ќе му објаснат дека е?

ако пак тоа бебе е пример Тарзан, за него чинот на убиство ќе значи нормален закон на природата - посилниот го уништува послабиот
неговото „добро“ би било дефинирано од инстинктот за преживување и опстанок.

Така да, колку и да не е ова филозофија по мој мерак, гледано објективно, сосема има смисла
Само да се надоврзам, баш пред пола саат со еден другар праевме муабет за нешто слично.

Што се случува кога „нешто“ ќе стапне на територијата на одреден лав (пример така земав ете, нека биде тоа лавот Кунго)?
Тоа нешто ќе биде маркирано како некој што сака да му наштети на лавот, било да е тоа да краде храна, да ја нападне лавицата, да ги задави малите лавчиња или сл. и тоа нешто ќе биде убиено. Дали убиството е лошо или добро? Ја би рекол дека е природна работа.
Поделбата на „добро“ и „лошо“ варира од нашите потреби, ама под „наши“ мислам на потребите на заедницата. Ако заедницата има потреба од чоколадо и јас ја снабдувам заедницата со чоколадо, но сум решил сам да си го изедам цело чоколадо, тогаш тоа е лошо. Но ако заедницата има потреба од храна и јас убијам 5 волови и ги донесам за сите да јадеме тогаш е добро (сум извршил убиство, не е врз човек ама сепак е убиство).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Прво е нереално да се зборува дека е опкружен само со вода. Природата не е човекот и само водата.
Дури и да го земеш бебето Тарзан како најнецивилизациски облик на природата, тој убива ради хранење и страв и знае да сака и да ги брани мајмуните од потенцијална опасност.

Што значи дека и да го доведам Тарзан во секојдневието и да убие некого, без разлика од какви побуди - важно е дека убил - објективна, апсолутна вистина.

А понатаму неговата казна ќе биде резултат на субјкетивни мислења кои ќе го (не) осудат за стореното дело. Јас реков и претходно проблемот со нихилизмот е што негира се. Негацијата не може да се случи кај овој случај дека типот не убил.
добро де
не зборев за апсолутната вистина,
зборев за поимањето на добро и лошо
поточно за тоа што ти го посочи како факт -дека убиството е зло

едното нема врска со другото
за апсолутната вистина мислам имам порано негде по форумов пишувано
мое видување е дека таа, таква, апсолутна, постои, е една и единствена, но е многу поголема од она што ние и нашата свест може да го разбере
така да, ако веќе ги мешаме работите, ниту ти, ниту јас, ниту било кој друг, не верувам дека умее и може да ја увиди, уште помалку посочи апсолутната вистина
објективната вистина на моментот, сепак е субјективна, но таа субјективност е сведена на рамки на нашиот свет, поточно на нашата целокупна реалност
дури и јас кога велам дека објективно гледано има смисла, мислам во однос на рамките кои нашиот ум и разум ги поима

а според апсолутната вистина, можеби и ништо не се случило
можеби ништо не се случува
можеби сѐ е само наша имагинација
 
Веќе се пребацуваме на друго ниво - апсолутна универзална вистина. Човештвото во минатото верувало дека тоа е Бог, денес се верува дека освен Бог можеби постои друга апсолутна вистина, а можеби и не постои.
Како да разграничиме субјкетивна апсолутна вистина и објкетивна апсолутна вистина?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Веќе се пребацуваме на друго ниво - апсолутна универзална вистина. Човештвото во минатото верувало дека тоа е Бог, денес се верува дека освен Бог можеби мостои друга апсолутна вистина, а можеби и не постои.
Како да разграничиме субјкетивна апсолутна вистина и објкетивна апсолутна вистина?
Извини но болдов не ми штима некако. Како тоа „Се верува дека можеби постои, а можеби непостои“? Збунет сум.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Абе тоа е во ред, но вториот дел од реченицата „Се верува дека можеби постои друга вистина, а можеби и не постои“. Не може да веруваш дека можеби постои, а можеби и не постои. Малку е без смисла.
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Абе тоа е во ред, но вториот дел од реченицата „Се верува дека можеби постои друга вистина, а можеби и не постои“. Не може да веруваш дека можеби постои, а можеби и не постои. Малку е без смисла.

Може:
Агностицизмот е филозофско убедување дека вистинитосната вредност на некои тврдења—особено тврдења за постоењето или непостоењето на божества, но и други религиозни и метафизички тврдења—не може да се утврди ниту докаже. Агностицизмот може да се дефинира на различни начини, а и понекогаш означува сомневање или скептичен пристап кон прашања. Во некои смисли, агностицизмот е став за сличностите или разликите меѓу уверение и знаење, отколку за некое специфично тврдење или верување.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Може:
Агностицизмот е филозофско убедување дека вистинитосната вредност на некои тврдења—особено тврдења за постоењето или непостоењето на божества, но и други религиозни и метафизички тврдења—не може да се утврди ниту докаже. Агностицизмот може да се дефинира на различни начини, а и понекогаш означува сомневање или скептичен пристап кон прашања. Во некои смисли, агностицизмот е став за сличностите или разликите меѓу уверение и знаење, отколку за некое специфично тврдење или верување.
Има еден виц кој баш убаво ја доловува поентата на тоа што го напиша погоре.

Некој вршел анкета и сретнувал рандом фаци и ги прашувал:
-Господине, колкава е веројатноста да видите диносаурус по улицата?
-Оооф, не знам. Еден спрема број со 20 цифри.
.....
-Госпоѓо, колкава е веројатноста да видите диносаурус по улицата?
-Паааа, не постои. Диносаурусите се изумрени.
(сретнува плавуша)
-Што мислите, колкава е веројатноста да видите диносаурус по улицава?
-Паа 50%.
-Како тоа?
-Па или ќе видам или нема да видам.

Со други зборови „Верувам дека можеби постои, а можеби не постои“ ти е win-win ситуација. Секогаш си у право.

Агностицизмот е сомневање, ама не вика „Верувам дека можеби постои, можеби не постои“ туку вели „Јас се сомневам дека постои, но исто така се сомневам и дека не постои“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba

Реченицата која ја извади од контекст беше:

Човештвото во минатото верувало дека тоа е Бог, денес се верува дека освен Бог можеби постои друга апсолутна вистина, а можеби и не постои.

Верува - Не е исто што и верувам.

Или поопширно да ти објаснам - во минатото човештвото целосно верувало во Бог, верувало дека тоа е апсолутната вистина, а денес некои веруваат во тоа, некои не веруваат, а постојат и луѓе кои се агностици.

Нигде не беше потенцирано Јас верувам дека постои, ама верувам и дека не постои. :)
Не фаќај кривини.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: the.boy