замисли човек кој како бебе е оставен во средина во која нема никакво влијание од луѓе
дури нема влијание ни од животни, ни птици, ни инсекти
околу него има само растенија и вода, да речеме тоа би му било оволно да живее и да преживее
кога ќе порасне, некој го наоѓа и решава да го вклучи во цивилизација
прво со што се среќава во новата средина е чин на убиство.
што ќе му значи тоа нему?
добро или зло?
или она што ќе му објаснат дека е?
ако пак тоа бебе е пример Тарзан, за него чинот на убиство ќе значи нормален закон на природата - посилниот го уништува послабиот
неговото „добро“ би било дефинирано од инстинктот за преживување и опстанок.
Така да, колку и да не е ова филозофија по мој мерак, гледано објективно, сосема има смисла
Прво е нереално да се зборува дека е опкружен само со вода. Природата не е човекот и само водата.
Дури и да го земеш бебето Тарзан како најнецивилизациски облик на природата, тој убива ради хранење и страв и знае да сака и да ги брани мајмуните од потенцијална опасност.
Што значи дека и да го доведам Тарзан во секојдневието и да убие некого, без разлика од какви побуди - важно е дека убил - објективна, апсолутна вистина.
А понатаму неговата казна ќе биде резултат на субјкетивни мислења кои ќе го (не) осудат за стореното дело. Јас реков и претходно проблемот со нихилизмот е што негира се. Негацијата не може да се случи кај овој случај дека типот не убил.