Постојат шест врсти на нихилизмот - епистемолошки, мереолошки, политички, метафизички, морален и егзистенцијален. Епистемолошкиот нихилизам тврди дека ниту една вистина не може да биде спознаена додека политичкиот нихилизам се залага за отфрлање сите општествени норми и структури. Ај да не давам википедија дефиници и за другиве, јас би ги прескокнал и би дискутирал за само видовите кои ги поставив во насловот, зошто само за нив имам читано колку-толку, од епистемологија на пр. немам појма.
Моралниот нихилизам, на кратко, тврди дека не постои не постои зло и дека ниту еден чин не е инхерентно лош или добар. Доволно е да ја погледнеме историјата на општествата и да сфатиме дека многу работи што денес се сметаат за неморални, некогаш биле сосема нормална појава. Прост пример, педофилијата во античките времиња и педофилијата денес. Самата моралност е човечки конструкт (постои само во нашите умови) и постојано се менува, не постои нешто како објективна моралност. Од тој аспект, ништо не е погрешно или правилно само по себе.
Егзистенцијалниот нихилизам во суштина тврди дека човековото постоење е лишено од било каква смисла и вредност. Самото прашање - "која е смислата на животот?" е бесмислено зошто тргнува од претпоставка дека мора да има одговор. Во еден индиферентен универзум кој се раководи само по слепите физички закони, одговор не постои. Човечкиот живот нема интринсична вредност, а секоја смисла или цел која ќе си ја поставите самите е ништожна in the grand scheme of things. Времето ќе ве помножи со нула како и се останато. Трилиони луѓе живееле и умреле пред нас и сите (99,999%) се заборавени т.е избришани од времето. Но тоа не значи ако по некое чудо станете историски важна личност, дека вашето постоење ќе добие инстант смисла. Самата ситуација е парадоксална, дури и ако ве запамтат вие сепак сте мртви, немате свест, едноставно не постоите. Плус од некоја апсолутна перспектива, целокупното човештво е ништожно. Ние сме сепак само мравки.
Според мене, овие две филозофски гледишта ја кажуваат суровата вистина и затоа се тешко прифатливи, не носат никаква утеха, за разлика од безбројните религиски и духовни учења кои со миленуми им служеле на луѓето како ментална поткрепа.
Уф ама сум негативен после полноќ, џоа некој емо-бој. 'Решението' по овие согледувања е едноставно, уживајте колку што можете и:
Повелете, дискутирајте. Колку се согласувате, зошто не се согласувате итн...