Морален и егзистенцијален нихилизам

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Постојат шест врсти на нихилизмот - епистемолошки, мереолошки, политички, метафизички, морален и егзистенцијален. Епистемолошкиот нихилизам тврди дека ниту една вистина не може да биде спознаена додека политичкиот нихилизам се залага за отфрлање сите општествени норми и структури. Ај да не давам википедија дефиници и за другиве, јас би ги прескокнал и би дискутирал за само видовите кои ги поставив во насловот, зошто само за нив имам читано колку-толку, од епистемологија на пр. немам појма.

:D

Моралниот нихилизам, на кратко, тврди дека не постои не постои зло и дека ниту еден чин не е инхерентно лош или добар. Доволно е да ја погледнеме историјата на општествата и да сфатиме дека многу работи што денес се сметаат за неморални, некогаш биле сосема нормална појава. Прост пример, педофилијата во античките времиња и педофилијата денес. Самата моралност е човечки конструкт (постои само во нашите умови) и постојано се менува, не постои нешто како објективна моралност. Од тој аспект, ништо не е погрешно или правилно само по себе.

Егзистенцијалниот нихилизам во суштина тврди дека човековото постоење е лишено од било каква смисла и вредност. Самото прашање - "која е смислата на животот?" е бесмислено зошто тргнува од претпоставка дека мора да има одговор. Во еден индиферентен универзум кој се раководи само по слепите физички закони, одговор не постои. Човечкиот живот нема интринсична вредност, а секоја смисла или цел која ќе си ја поставите самите е ништожна in the grand scheme of things. Времето ќе ве помножи со нула како и се останато. Трилиони луѓе живееле и умреле пред нас и сите (99,999%) се заборавени т.е избришани од времето. Но тоа не значи ако по некое чудо станете историски важна личност, дека вашето постоење ќе добие инстант смисла. Самата ситуација е парадоксална, дури и ако ве запамтат вие сепак сте мртви, немате свест, едноставно не постоите. Плус од некоја апсолутна перспектива, целокупното човештво е ништожно. Ние сме сепак само мравки.

Според мене, овие две филозофски гледишта ја кажуваат суровата вистина и затоа се тешко прифатливи, не носат никаква утеха, за разлика од безбројните религиски и духовни учења кои со миленуми им служеле на луѓето како ментална поткрепа.

Уф ама сум негативен после полноќ, џоа некој емо-бој. 'Решението' по овие согледувања е едноставно, уживајте колку што можете и:

:igra

Повелете, дискутирајте. Колку се согласувате, зошто не се согласувате итн...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija and Реми

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
абе прво требаја си вовед да га почнеш сс зборови: Нихилизам е....
Јас мислам дека објаснив што е морален и егзистенцијален нихилизам најпросто што можам. Сите врсти на нихилизам можат да бидат заемно исклучиви, некој може да биде егзистенцијален нихилист а да го отфрли епистемолошкиот нихилизам, на пример.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Јас мислам дека објаснив што е морален и егзистенцијален нихилизам најпросто што можам. Сите врсти на нихилизам можат да бидат заемно исклучиви, некој може да биде егзистенцијален нихилист а да го отфрли епистемолошкиот нихилизам, на пример.

Ама добро ти си објаснија за овакв-оанкв нехилизам, ама мене ме интересира сам збор нехилизам што значи...
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
абе добро, има некоја смисла
ама ако гледаме така, грубо речено дека сѐ е ништо, тогаш и муабетов би го праеле за џабе
и сѐ е за џабе
ко така ај да си легниме и да чекаме да помини времето
та вака - та така, исто ти се фаќа :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
абе добро, има некоја смисла
ама ако гледаме така, грубо речено дека сѐ е ништо, тогаш и муабетов би го праеле за џабе
и сѐ е за џабе
ко така ај да си легниме и да чекаме да помини времето
та вака - та така, исто ти се фаќа :D
Тоа што се е за џабе, не мора да значи дека не треба ништо да не правиме додека сме живи. :)
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Што значи нихилизам? - Напишал Фридрих Ниче. “Најголемите вредности ја губат својата вредност“.​
Самиот нихилизам е контрадикторен со самиот себе. Особено ќе се задржам на моралниот нихилизам. Доколку во минатото важеле одредени морални норми и правила, денес истите веќе не важат или преминуваат од ненормални во нормални прифатени сфаќања за животот и самата егзистенција. Луѓето наоѓаат утеха во таквиот процес, односно сметаат дека е дел од самата човекова еволуција и дека во однос на тоа прашање ништо не може да се промени.​
Нихилизмот својот цут го оствари во 20 век со тивкиот нихилизам - либерализмот. Во самата суштина на нихилизмот постои тврдењето дека вистината е релеватна и дека не постои апсолутна вистина. Човештвото го прифати тоа во минатиот век како своја вера, како одбрана за своите постапки, но денес во 21 век сфати дека сепак постои апсолутна вистина надвор од човечката психа и дека нештото кое е сторено, а создало последици во други животи е точно и постои. Така во главата на еден лудак постои релеватна вистина, а таа би гласела дека не сторил кривично дело, но доказите кои се научни поткрепени и математички точно утврдени покажуваат дека убил преку 100тина луѓе и дека мора да одговара за своите дела. Дури неговото размислување околу стореното дело може го смета за оправдано од х причини, но тоа не ја менува апсолутната вистина за што вусшност се случувало, како и дека на масата моментално имам четири мандарини. Тоа е моментална апсолутна вистина.​
На крај доаѓаме до практичниот чист нихилизам, чија мржња против создавањето и цивилизација не може да се искорени, бидејќи целта е сведување на апсолутно ништо. Нихилизмот на уништување како ниедна друга форма на нихилизам (погоре споменатите) е карактеристична токму за нашиот век. Претходно навистина постоеше деструкцијата во широки размери и тогаш луѓето стануваа славни со рушење, меѓутоа според историјата никогаш се до наше време не постоеше доктрина и осмислен план за уништување, односно човекот никогаш не скрена да бара оправдување на своите нечесни дела и да создаде програм за негово извршување. Тие се водат по девизата, слоганот на чистиот нихилизам - „Нема вистина, се`е дозволено“.​
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Така во главата на еден лудак постои релеватна вистина, а таа би гласела дека не сторил кривично дело, но доказите кои се научни поткрепени и математички точно утврдени покажуваат дека убил преку 100тина луѓе и дека мора да одговара за своите дела.
Не разбрав, каде е контрадикторноста на нихилизмот?

Околу болдот, ако утврдиме дека лудакот убил 100 лица тоа не значи дека таквото е дело е по дефолт зло и треба да биде осуден. Едноставно, ние му придодаваме соодветна тежина во согласност со нашиот морален код, кој е комплетно субјективен и подложен на промена. Точно, постојат навидум некои непроменливи морални осуди (убиство без причина, на пример) но тие се резултат на консензус, не се никаква апсолутна вистина. Самата моралност не постои од онтолошки аспект, објасни преку кој метод би се докажало одреден чин е инхерентно чин на зло/добрина.

За либерализмот = тивок нихилизам, не те разбрав баш ни овде. Мислиш нешто како либерализмот ги соголува традиционалните вредности, во тој стил? Ако е така, нихилизмот и либерализмот немаат допирни точки, сепак постојат либерални вредности додека нихилистички вредности е оксиморон.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Не разбрав, каде е контрадикторноста на нихилизмот?

Околу болдот, ако утврдиме дека лудакот убил 100 лица тоа не значи дека таквото е дело е по дефолт зло и треба да биде осуден. Едноставно, ние му придодаваме соодветна тежина во согласност со нашиот морален код, кој е комплетно субјективен и подложен на промена. Точно, постојат навидум некои непроменливи морални осуди (убиство без причина, на пример) но тие се резултат на консензус, не се никаква апсолутна вистина. Самата моралност не постои од онтолошки аспект, објасни преку кој метод би се докажало одреден чин е инхерентно чин на зло/добрина.

За либерализмот = тивок нихилизам, не те разбрав баш ни овде. Мислиш нешто како либерализмот ги соголува традиционалните вредности, во тој стил? Ако е така, нихилизмот и либерализмот немаат допирни точки, сепак постојат либерални вредности додека нихилистички вредности е оксиморон.

Убиството е зло, така се смета денес и верувам дека ќе се смета за уште 20 векови. Затоа нихилизмот е контрадикторен, бидејќи навистина постои апсолутна вистина, а тоа е дека убил и дека не може да ја побие теоријата за моите сегашни три мандарини на маса (едната ја изедов). :)

Апсолутната вистина е дека убил некој. Казната ќе ја добие и таа ќе биде зависно од денешните општествени критериуми за казнување. Порано било бесење, сега е доживотен затвор. Но пак ќе се навратам на суштината - убил 100 луѓе = апсолутна вистина. Се разбираме нели? Казната е друга тема на муабет и се слагам дека е релативна со напредокот на цивилизацијата.

Во либералниот поглед на светот, односно во неговата теологија, етика, политика вистината е ослабната, омекната и е доведена во сомневање. Вистината за која некогаш се тврдело дека е апсолутна, денес е помалку сигурна, ако не и потполно релативна. Навистина е тивок нихилизам затоа што нивните погледи кон апсолутната вистина, подеднакво се совпаѓаат.

Зошто и двете не се добри за човештвото?

Доколку некое време потполно се живее во таков систем, односно се соберат плодовите од таквиот систем, истите нема да донесат ништо добро. Релативната вистина води кон несигурност, а несигурноста не е добра подлога за создавање на интелектуални доктрини во различни области. Ако научникот не е сигурен во теоријата дека два плус два се четири и верува дека тоа е релативна вистина, голема е шансата да не направи чекор и да не создаде изум кој би помогнал на многу други.