Мелич ај јас ке се потрудам да ти одговорам на оваа за мене осетлива тема
Постои дискриминација во нашата држава и тоа не ради неспособноста на жена туку ради менталитетот заостанат уште од тој глуп патријахат. Сеуште постојат луѓе- газди кои себе си се декларираат како современи, демократски и што ти уште незнам какви ама ете сеуште не сфатиле дека жените го сочинуваат половина од човечката популација и дека тие имаат право во градењето на општеството. Ама види едно ме чуди денес во светот го прифатија - жените можат да работат се што работат мажите, а никако да се изврши афирмација на - мажите можат да работат во домот се што работат и нивните сопруги.
Глобализацијата и технолошкиот развој во развиените земји каде што е битен само профитот полот не игра битна улога туку во преден план е образованието, едукацијата односно личниот капацитет, додека кај нас сеуште добро платените позиции ги работат мажите.
Шмекси ти како газда а како што имам разбрано се занимаваш со градежништво и претпоставувам затоа и го наведе примерот за работење на скеле на згради на +50 јас сакам да те прашам дали ти би вработил жена да ја работи таа работа и зошто не ?
Не ми одговарај со ноктите,штиклите иттн зш ако можат во другите земји тоа да го работат жените зошто не и овде или сметаш дека овде не се способни затоа ?
Јас моментално имам оглас за работа.
До сега од преку 200 броја ниедна жена не се јави.Зошто?