Дискриминација на работно место

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Зборот дискриминација значи секое правење разлика,искористување или ограничување на група или индивидуа врз основа на етничката припадност,полот,сексуалната определба,религија,старост...

Јас би сакала на темава да се задржиме на половата дискриманицаија на работното место.
Секоја жена,маж има право на заштита од дискриминација која се базира на основа на полот.
Ако поради одредена полова припадност лицето е отпуштено од работа,одбиено при вработување тоа значи дека е полово дискриминиран.
Повеке од јасно е дека женските индивидуи се почесто дискриминирани.
Зошто?
Една жена менаџер процентуално зема повеке слободни денови од мажите,првенствено заради мајчинство.
Жените поретко добиваат унапредување од причина што самата компанија смета дека мајката би била колеблива околу патување,прекувремена или ноќна работа заради децата.
Но сепак,доколку компанијата одбие да вработи мајка со мало дете а прими на работа маж со дете на иста возраст тогаш исто станува збор за полова дискриминација.


Сметате ли дека воопшто постои полова дискриминација во нашата држава?
Кои се најчестите причини за тоа?
Дали вие сметате дека жената е оштетена односно неправедно дискриминирана во општеството кога се работи за нејзиниот работен однос?
Дали една жена треба да се носи во ист сооднос со еден маж доколку ги поседува истите квалитети?
Дали вие некогаш,без разлика од кој пол сте,имате осетено врз себе полова дискриминација?
Наведете ги причините зааради кои сте се осетиле дискриминирано.
 
  • Like
Реакции: slb_bobo

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,490
1,123
Скопје
Секако дека постои полова дискриминација, не само во Македонија туку насекаде во светот иако речиси секоја земја се афирмира како демократска, без предрасуди и стереотипи.
Пред се, вината ја наоѓам во работодавците кои дел од нестручност, неискусност и незнаење а дел од сопствени каприци може да се случи да вработат лице од другиот пол иако лицето кое претходно го одбиле а било од спротивниот пол има подобри кфалификации и препораки за работното место.
Според мене, поделбата на полови при избирање на кого ќе му се додели работното место е апсурд.
Би требало да се обрне внимание на индивидуата, способностите, знаењета и квалитетите на истата, но во никој случај не би требало да се носат одлуки само поради тоа што некој е маж а некој жена.

Познавам жена градежен инжињер која е многу поуспешна во својата област од голем број мажи.
 
  • Like
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
: Во Македонијава(И балканов)? Па ние живееме(повеќето од нас) во првите години по стапувањето на сила на Патријахатот. Некогаш во некои места ми се чини сеуште владее оној амбиент што е опишан во романот „Папата Јована“ - а имајте предвид дека тука е опфатен 9тиот век по нашата ера.
: Причини? Прво и основно тоа што девојките, пардон жените тоа го дозволуваат. Колку жени знам кои седат дома само затоа што мажите не им дозволуваат да работат.
А се поставува прашање: Кој фактор е мажот или таткото да забрани нешто што се однесува за сопствениот живот на девојката/жената?
Тој може да ја учи до 18 години - и тоа таткото, после 18 години таа е своја личност независна од никого.
И втора работа која е и тоа како битна е тоа што работодавците секогаш сметаат дека некои работи ги прават подобро мажите отколку жените.
: Не сметам дека е оштетена. Туку знам. Ако ние во Македонија(и балканот) видиме девојка полицајка - недај боже инспекторка. Па таа е машкуданец, таа не заслужува да биде жена. Останува немажена. А никој не си спомнува дека таа можеби има решено криминални случаи што некој маж не можел ни да ги насети.
: Неважно дали е маж или жена, секако дека треба да биде исто платена и да добие иста работа ако е квалификувана за тоа.
: Јас дали сум осeтил полова дискриминација врз себе? Да, кога завршив четврта година средно работев во една трафика продавав. Половина познаници ја изговараа следнава реченица: Оди фати лопата кај си седнал тука, остај жениве нека читаат весници тука.
А никој не помисли дека поради недостиг на материјални средства ја прифатив првата работа што ми беше понудена.
 
  • Like
Реакции: violetmoon and Марија

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Темата е за дискриминација на работа...ако сакав општа ке ја отворев,ако некој пак сака да дискутира за општа дискриминација,нека ја отвори :biggrin ....ајде се надевам модераторот ке реагира на офф топици :wub
 

Dare

Староседелец
15 јули 2012
84
86
618
Постои дискриминација, дискриминирачка е самата работа за плата која е висока како социјална помош...исто така постои дискриминација за напредок во кариерата, ке напредуваат оние кои имаат најголеми гради, партиска книшка или ако се по препорака од вујче, а останатите ке се радуваме на фактот дека сонцето утре пак ке изгрее....а за полова диск. не сум баш сигурен дали постои, зависи од кој пол ги гледаме работие.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,130
1,066
113
Скопје
www.statik-group.com
Што се жалите вие жените кога ги работите поубавите работи и почистите.Одете видете ги жените во русија кои мешаат малтер.
Секоја им чест.
А не овде, работи менаџер во фирма или нешто такво и се жали како и било тешко на работа.
Оди види ги скелеџиите на зградите што работат на +50 степени.
Може жена тоа да го работи? Одма ќе се буни за правата на жените како биле експлоатирани итн итн.
Претерувате, таа слобода дека сте жени и имате исти права ептен си ја сфативте здраво за готово.Дури сакате над нас да дојдете.
Епа ако така тогаш одете во Бучим рудникот на арбајтен.Само пазете ноктите да не ви се скршат викаат нерамен терен било.А и со штикли не чинело, многу кал имало.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Во време во кое скоро и човековите права не се почитуваат дискриминацијата на работното место е се почесто застапена.Сведок сум на многу пример во кој работникот е омаловажуван дека е глуп и сл.Па фала богу,човекот дошол на работа да работи а не да биде дискириминиран. Навреди не само од страна на шефот или колегите има и од страна на некои безобразни потрошувачи. (facepalm)

Шмекси немој да зборуваш во името на сите жени.Познавам многу жени кои би се нафатиле на секаква работа,и кои работат а мажите дома му седат.Искрено во нашата фамилија посебно жените сме многу поиздржливи од мажите.И да,јас би работела на +50 степени.Ако имам дома фамилија деца се би прифатила како работа.Не сум од оние жени кои повеќе се грижат за ноктите,облеката ова она.Сериозно си ја сфаќам работата и би работела како што треба.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,130
1,066
113
Скопје
www.statik-group.com
Во време во кое скоро и човековите права не се почитуваат дискриминацијата на работното место е се почесто застапена.Сведок сум на многу пример во кој работникот е омаловажуван дека е глуп и сл.Па фала богу,човекот дошол на работа да работи а не да биде дискириминиран. Навреди не само од страна на шефот или колегите има и од страна на некои безобразни потрошувачи. (facepalm)

Шмекси немој да зборуваш во името на сите жени.Познавам многу жени кои би се нафатиле на секаква работа,и кои работат а мажите дома му седат.Искрено во нашата фамилија посебно жените сме многу поиздржливи од мажите.И да,јас би работела на +50 степени.Ако имам дома фамилија деца се би прифатила како работа.Не сум од оние жени кои повеќе се грижат за ноктите,облеката ова она.Сериозно си ја сфаќам работата и би работела како што треба.
Ми штрчи тоа БИ работеле.Зошто не работат?
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,426
2,014
1,123
Темата е за дискриминација на работа...ако сакав општа ке ја отворев,ако некој пак сака да дискутира за општа дискриминација,нека ја отвори :biggrin ....ајде се надевам модераторот ке реагира на офф топици :wub
Мелич ај јас ке се потрудам да ти одговорам на оваа за мене осетлива тема :zelen

Постои дискриминација во нашата држава и тоа не ради неспособноста на жена туку ради менталитетот заостанат уште од тој глуп патријахат. Сеуште постојат луѓе- газди кои себе си се декларираат како современи, демократски и што ти уште незнам какви ама ете сеуште не сфатиле дека жените го сочинуваат половина од човечката популација и дека тие имаат право во градењето на општеството. Ама види едно ме чуди денес во светот го прифатија - жените можат да работат се што работат мажите, а никако да се изврши афирмација на - мажите можат да работат во домот се што работат и нивните сопруги.
Глобализацијата и технолошкиот развој во развиените земји каде што е битен само профитот полот не игра битна улога туку во преден план е образованието, едукацијата односно личниот капацитет, додека кај нас сеуште добро платените позиции ги работат мажите.

Шмекси ти како газда а како што имам разбрано се занимаваш со градежништво и претпоставувам затоа и го наведе примерот за работење на скеле на згради на +50 јас сакам да те прашам дали ти би вработил жена да ја работи таа работа и зошто не ?
Не ми одговарај со ноктите,штиклите иттн зш ако можат во другите земји тоа да го работат жените зошто не и овде или сметаш дека овде не се способни затоа ?