Кој вика дека не се враќаат, е во тешка заблуда.
Се враќаат на било каков начин. Физички или психолошки. а може и во двете состојби. Се враќаат во спомени, во фрагменти од животот кој невозможно е да го избришеме од сеќавањата. Се враќаат и во форма на кошмар. Поради тоа што недоразбирањата се причината за транскација од сегашен во бивши, честопати ги сонуваме истите. Се враќаат и во форма на блаженство. Кога комнееме да се вратат.
Физички тие може секојпат да наминат некането, во некое сепаре каде некогаш заедно сме искачале. По првиот контакт личат на прочитана книга, но поради факторот бивши, ние сепак знаеме што сакаат. И неретко се навраќаме, за да пополниме малку од изгубеното време. Оние кои физички не се навраќаат, ги дрма моралот/достоинството дека повторно ќе бидат повредени. Но и нив им се навраќаат во првоспоменатата форма. Едноставно бивши се и биле некогаш дел од сопствениот живот.