Зошто бившите (не) се враќаат?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ако и на двајцата им е убаво и се согласат околу тоа, никој не би бил против.Ако не им оди да бидат заедно, да функционираат, да шетаат, да спијат заедно, да јадат...тогаш зошто да не си го остваруваат своето задоволство, она во што и двајцата отсекогаш уживале а и сеуште можат да уживаат, без обврски.
Тоа е финтата. Лесно може чоек да збори вака објективно, но еве замисли си ситуација имаш некоја солидна врска од долг рок и ете завршува.... по одредено време коа бившиот го забележуеш у некој локал и малку спомени се помешуваат - ова никој не може да го оспори ама да се биде целосно рамнодушен на ова е мислам чиста лага. Некои стискаат во себе, се ждерат живи, ама на крај можда од морални или повеќе заштитнички причини го прескокнуваат моментот да се видат со него - бегаат од локалот ко попарени. Оние кои што остануваат, најчесто и остануваат до точката наречена заедно в`кревет. Ама само толку. После тоа свесни дека е крај на врската се враќаат назад. За да следен пат пак истото го повторат.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Тоа е финтата. Лесно може чоек да збори вака објективно, но еве замисли си ситуација имаш некоја солидна врска од долг рок и ете завршува.... по одредено време коа бившиот го забележуеш у некој локал и малку спомени се помешуваат - ова никој не може да го оспори ама да се биде целосно рамнодушен на ова е мислам чиста лага. Некои стискаат во себе, се ждерат живи, ама на крај можда од морални или повеќе заштитнички причини го прескокнуваат моментот да се видат со него - бегаат од локалот ко попарени. Оние кои што остануваат, најчесто и остануваат до точката наречена заедно в`кревет. Ама само толку. После тоа свесни дека е крај на врската се враќаат назад. За да следен пат пак истото го повторат.

Тоа нормално, се' додека зборуваме објективно лесно е.Но тешко е да бидеш субјективен за вакви работи.
За ситуацијава конкретно, така е во потполност, има две страни.Едната никогаш нема да признае дека сеуште чувствува нешто иако се јаде во себе, а другата страна едноставно е желна за тоа нешто што било и сака повторно да го осети без оглед на тоа што ќе биде отпосле.Ама исто така па има личности кои не го можат тоа да го доживуваат на тој начин, кога толку време си сакал некого, си го чувствувал како дел од себе, сега да ти биде само крпа која што ќе ја употребиш за бришење и пак ќе си ја вратиш на закачалка.Додека пак некои не размислуваат на тој начин.Се' зависи до индивидуата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Може книгата не си ја сфатил од првото читење (пример у твојот случај) па сега повторуваш за да ја сфатиш.
Не одлично си ја разбрав јас книгата и затоа велам човек во тек на врската и по неа еден период си покажува вистинско лице и нема тоа е она заради кое нема назад тој си што си или можеш да живееш со него таков како што е или воопшто не се мачи за втора шанса.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
За да останат бивши?! :^)
Овие се прашања на кои секој различно може да ти одговоре, зависно од неговото размислување, зависно од ситуацијата.
Бивши се, зашто не се нашле заедничка точка. Начин на кој можат да функционират као двојка. А има милионити причини зашто не се заедно и зашто останале бивши. Да не навлегувам во тие причини, многу зависи од двајцата. Ако сакаат да се вратат и двајцата, ќе се вратат and then they'll live happily ever after. Or not, бидејќи пак ќе имаат несогласувања околу истите глупости.
За мене, бивши си е за во минатото, таму и треба да остане.
Можеби некогаш ќе се навратиш на некои убави спомени, ќе се потсетиш, како што спомнаа погоре, така се и навраќаш на него/неа али затоа се вика и така - бивши, поранешен, ex - како и да е, за да НЕ се враќаш, бидејќи поради x-причина си прекинал и си продолжил со животот. Некогаш и знаеш лошо да проценеш, затоа се случуваат такви дешавки наречени бивши :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Зашто би почнувал одново приказна која веќе си ја прочитал?
Јас лично мислам дека многумина и покрај чукањето во гради и промоцијата на челична одлучност за крај, сепак потклекнуваат на очекувањата дека сепак нешто ќе се смени. Сакаат да дадат втора шанса, а некогаш најискрено за жал, дури и трета, па и четврта шанса... Мазохизам, а богами и несигурност во сопствената индивидуа.

Како и да е, тоа е лична одлука. Секој си знае до каде му се границите на толеранција.
Дури и причините за разделба да биле баналност, зашто кога било потребно не се изнашло сила, да се доведат во ред ?
 

Boki

Нов член
28 јануари 2013
3
2
1
45
Бившите не ни треба да се вратат. Да требало да биде поинаку, немало ни да станат бивши.
Се останато е глупост и слабост на карактер и многу тешко малтретирање. Ништо повеќе.
 

Believe

Активен Член
30 јануари 2013
108
141
43
Не може да се каже дека бившите не се враќаат познавам пар кој беше разделен 2 години машко и се јави и после 3 разговори се видоа и се фатија и значи не мора дека ако раскинале дека веќе нема да има врска и дека толку од нив :) во случајот е пресуден поради што е прикината врската.
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Многу едноставно но и тешко да се одгатне прашањево.
Дали ви се случило да се врати некој ваш бивши и да ве покани на повторен состанок?
Би го одбиле или би прифатиле?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Имаше ми се чини иста тема.

Го одбивам. Јас ако сум станал нечиј бивш - значи не сум бил подобен да бидам сегашен, колку пати и да се обидуваме пак на крајот ќе останувам бивш.
Така да... зошто да го трошам времето залудно?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Elenat and Bum-Bum