Феминизам во Македонија

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
32
New York, New York
twitter.com
Дали мислите дека има нееднаквост помеѓy мажите и жените (во било која област) во Македонија или пак сметате дека ова е тема од минатото?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Мислам дека нема нееднаквост меѓу мажите и жените. сите го работат тоа што го сакаат
 

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
32
New York, New York
twitter.com
Прашањето го поставив бидејќи податоци од многу организации кои прават истражувања велат дека има голема разлика помеѓy колку се платени мажите и жените (трета најголема нееднаквост во Европа). Потоа жените генерално имаат пристап до пониски фyнции отколкy мажите според тие статистики на невладини и владини организации. Исто така генерално сме опишувани како патријархално општество.

Можам да продолжам, но ова беа неколку од примарните причини зошто го поставив прашањето.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Апсолутно сметам дека не се дискриминирани, јас никогаш немам слушнато уште помалку видено некој да дискриминира жена, има жени професори, академици, министри, дипломати, пратенци не гледам каде е дискриминацијата... а тие невладини организации се само обична перална на пари и створени само да буцкаат и да прават фрки во општеството (општо зборам не само за тие феминистичките). Нека каже било која девојка на форумов како некогаш се осетила дискриминирано. Баш напротив има многу огласи за работа кај што стои дека се бара жена иако половата дискриминација во огласите за вработување е забранета со Законот за работни односи...
 

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
32
New York, New York
twitter.com
Не би ги дискредитирала тие репорти бидејќи работат со конкретни податоци кои се дадени од наши државни организации, поточно канцеларијата која ги издава статистичките податоци. Еве еден пример на таков репорт:

http://www.usaid.gov/our_work/cross-cutting_programs/wid/pubs/Macedonia_Gender_Assessment_2010.pdf

Јас за моја кожа не можам да зборувам, бидејќи не сум била во ситуација да треба професионално да се снајдам и делумно затоа ме интересира кое е искуството на жени во работната сила. Постои високо ниво на полова дискриминација и во развиени земји како САД, и за некои слични трендови читам и забележувам кај нас. И една работа е да има закон, а друга е да се спроведува. И процентуално жените ги има во многу помал број на такви водечки позиции.
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Уствари... Жената на балканот е потчинета... точно е дека денес таа сама заработува за себе, но сеушто постои тој глуп балкански менталитет дека жена е за дома, надвор треба да биде поштена, и бла бла... кога ќе се смени тоа ќе тргнеме напред.. бидејќи жената е движечка сила :kafe
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Се сложувам до некаде со Baronessa, но ајде да збориме малку околу семејство.Кој повеќе се грижи за детето, мајката или таткото? Зашто секогаш повеќе акцент се става на мајчинството? Значи жените се многу битни за некои работи, и највеќе кога ќе се спомне жена се мисли на вредна,фина,мирна, културна жена, пред се’ жена со мајчински инстинкт.
Денес, бар по мое некое си размислување како и од секојдневниот живот, женственоста како да се губи.Се случувало да видам девојки бетер камен пијани од мене, на сред улица оди со скинати хулахопки, цигара во уста и размачкана шминка.
Тоа е женственост? Тоа е однесување на дама? Или пак да видиш девојка како шмрка кокаин, или дува марихуана.
Страшно, можеби има и такви машки, но бидејќи важите за понежен пол малку сум разочаран, особено од помладите генерации.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
искрено, не сакам да сум рамноправна
сакам да сум приоритетна :cool:
во смисла да бидам третирана со нежност и разбирање и почитување
не дека не сум способна да запалам оган, па дури и да цепам дрва :D
ама зошто до Бога би го посакала тоа?
сакам да бидам на пиедестал :smug
 

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
32
New York, New York
twitter.com
Па мислам дека тоа е една од поентите на барем некои од феминистките, дека жената е гледана во одреден калап во кој мора да пасува и има одредени очекувања и да изгледа некако, да биде "дама", да се грижи за домаќинството, за децата па и колку да е зафатена на работа.

И не сакам да кажам дека не постојат такви стереотипи за мажите, напротив, мислам дека колку што е феминизмот за жените, толку е и за мажите. Кога ќе се каже, биди маж се има многу очекувања од тебе, не знам да не покажуваш емоции, да заработуваш не знам повеќе од жена ти и слично.

Само дефинитивно историски гледано, жените биле и се повеќе уназадени од овие некои митови за што и како се треба да биде. Некако сите живееме во таа дихотомија на што треба да биде маж или жена и мислам дека тоа многу пати било штетно за позицијата на жената во општеството.

И читав една книга пред некој ден, за како големи корпорации отвараат фирми во земји на пример како нашава и често се работниците жени. И они може да се платени многу помалку од мажите бидејќи нивниот труд се смета за помалку вреден, бидејќи автоматски се гледа на жената како личност што цело време мисли на семејство и не е концентрирана, бидејќи може да затрудни, бидејќи е речено дека е водена од емоциите и е нестабилна. И доста од овие стереотипи постојат и во други сектори на економијата не само во фабрики и слично.