Машки vs. женски

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Вадењето муабети секогаш ќе го има, што поради недоволната упатеност кон своите животи (на толпата), што поради занимација... Мене ме интересира тоа другото - дали, и ако да, тогаш зошто девојките прават психоанализи на бившите далеку повеќе од на самиот тој. Зошто не се поврзуваат повеќе во сегашноста - дека типот веќе раскрстил со нив и можеби ја пронашол најдобрата - неа.
Ти искрено веруваш дека човек ќе се смени кога ќе ја најде „најдобрата“?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ти искрено веруваш дека човек ќе се смени кога ќе ја најде „најдобрата“?
ИЗглеа погрешно си ме сфатил. Ај да преформулирам. Имаш тип од 20 и 5-6 години и некое богато минато од по 3-4 сериозни врски. И сеа запознава нова девојка. Се се пребацувам на девојката како главен лик. Таа почнува да копа по неговото минато. Троши многу време а и нерви за нешто што било некогаш но сега е завршено - а тоа е неговите бивши. Ги анализира, што преку директен муабет со него, но повеќе од муабети отстрана (преку ојле дојле). Е сеа прашањето е, зошто тоа го прави, наместо да се сконцентрира повеќе на самиот субјект? Она не е во врска со неговите бивши, туку со него самиот. Прашањево ми е до девојките тука. Дали и ако да, зошто го протежираат овој вид на однос со дечкото?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Ајде да се вмешам и во оваа тема ... :gjavol (хаха (wasntme))
Вака , според мене дечкото Е фраер за самиот себе си нормално ќе си го полни егото кога ќе може да залажува многу девојки ,НО тој е фраер се додека не се дознае и додека не се стави врз него една "етикета" за тоа каков е ...
После тоа оние кои имаат малце мозок не би отишле со него ... (особено во некои градови каде што се се дознава ,каде што можеме да го вклучиме и моето малечко градче)
Сега да спомнам и за ова што се вели,демек она е ку**а ако отиде со повеќе машки ,вака ако таа мисли дека е заљубена во секого со кого што ќе отиде (ако веќе е во дилема дали станува збор за ку**а и се знае дека оди со многу машки) онда свака и част ,таа е за самата себе си напатена "добра душа " но од околината и еден поединец кога ќе свати што прави таа, верувам дека не би помислил - "оваа е замонашена" ... :pusi
 

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Saladin И мене не мие јасно зошто го прават тоа девојките. Дознаваат за некоја бивша и само демнат прилика да ти ја спомнат.И нејзе ова и го зборуваше? И со нејзе беше ваму? И ред слични нешта... Можеби сакаат да им кажуваш дека е посебна, не знам, ама тоа толку многу иритира :mad
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ај коа веќе спомна за девојките како гледаат, еве едно потпрашање = дали вие девојки, пред да стапите во врска ви е од клучен фактор битно што се` праел и кои све му биле бившите? Мислам на психоанализа на неговите бивши повеќе од самиот него.

Јас имам спомнато некаде низ темиве дека не сакам дечко кој ми бил другар пред тоа баш од такви причини. Не сакам да знам точно се со која одел, се што имал порано пред мене. Ќе ме изеде психата потоа.

ОнТопик, не можеш така грубо да гледаш на работите. Секој бара се дури не го најде вистинскиот/вистинската. Некој ќе го најде одма, некој после 5 партнери.

Тоа е вистина, дека народот така гледа на нештата, ама по мое секое нормално, зрело машко, нема да замери што си имала нормален живот пред него. Се случуваат раскинувања, тоа е факт. Тоа може на некој да му смета, ама ни јас не сакам да бидам со такво машко. А ги има и такви. Битното е што постојат и современи машки кои сфаќаат дека сексуалноста е дел од сечиј живот, не само машкиот.

А такви кретени кои ословуваат секакви девојчиња, си имаат некој комплекс дефинитивно. Не зборувам за оние кои навистина си го заслужуваат тоа (затоа што дефакто има девојки што си го заслужуваат тој епитет), туку за девојче кое имало нормален живот.

Крај краева на народот не можеш да му удоволиш. За некои ќе си к***а, за други ќе си безобразна, за трети затворена, за четврти глупава... Народ ко народ, само слатки да јаде.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Ми се свиѓа како размислувате.
Него мислам дека заклучокот е овој: И мажи и жени се склони кон оговарање, од тоа што имам читано повеќе мажите оговараат ама не е битен тој момент. Муабетот е дека и за жените се збори дека се кучки (да не бидам многу вулгарна) и за мажите исто. Оваа тема на времето беше голем хит и поголемиот дел од тоа што го кажа МериСелест беше вистина така, ама се сменија малку времињата па сега сите подеднакво се вреѓаат или не се замараат воопшто кој со колку бил и зошто. Можда грешам ама јас си мислам дека е така.
 

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Колку и да одат работите нанапред, се менуваат сфаќања, луѓето стануваат полиберални, отворени, во Македонија секогаш грото ќе бидат многу чекори наназад. Уствари сите мислиме дека сме искулирани и тоа обично кога советуваме други, а кога е за нас лично тогаш излегува на виделина многу заостанато од баба, дедо, мама, тато. Се надевам дека грешам и дека денешната младина е со малку поотворен ум не само деколте.
Секој си има критериуми за својот иден партнер, и ако некоја менувала почесто партнери сигурно нема да се залета за некој кој мисли дека треба да е Дева Марија. Или Дева Марија секако дека ќе бега од Дон Жуан како ѓавол од лук оти всадено и е во глава оти таков човек домаќин не бидува, па ќе си бара по своја мерка. А ние од страна што мислиме мање битно.
Секакви не има, не можеме да очекуваме сите да не прифаќаат такви какви што сме, и прашање е дали живееш за себе или за народот, колку си исплашена да не добиеш лош глас и колку си храбра и пркосна да си живееш по твое без да си погазуваш свои принципи, не туѓи, да не чувствуваш дека се уништуваш со одлуките што ги носиш.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам, мене секогаш ми биле одбивни ваквите кревања его со менување партнери.
Луѓе сме, како што дошло до врска, иде и до раскин, ама не мора ко мајмуни побегнати од зоолошка, жедно да се фрламе на прва пружена прилика. Барем јас не би, посебно ако добро сум се изгорела претходно.
Навистина не ги делам многу овде на машки и женски карактеристики, бидејќи станува збор за размислување.
Познавам и од оние што мислат оти се фраери и фраерки пошто ги свртеле сите можни прилики што им се пружиле, оние кои им завидуваат на претходно споменативе, како и оние што ругаат на нивна сметка. Полот е небитен, навистина.
И ептен ми е отапено тоа сфаќање оти машкото со повеќе женски е фраер, а женската мераклика. На исто ниво се, за да биде тој „фраер“, мора да има такви мераклики и обратно.
А тоа што сме прост народ, па си правиме триста приказни, е веќе друга тема.

Што се однесува што некој праша за опсесијата со партнеровите бивши, тоа е нешто што ми иде на нерви.
Па чекај бре, ако сме почнале врска која оди накај сериозна, нормално дека ќе сака секој да знае што и како било, но под тоа не подразбирам пишување реферати до најситни детали, треба малку да се знаат граници, сепак тоа е дел од интима од која ние не сме биле дел, а и минато е, мајке ми, финито! Едноставно, доволно е да знаеш кои се, колку било озбилно и како се завршило, чисто со причина да имаме претстава кои биле грешките клучни за раскин, за да ги избегнеме истите.
Мене навистина би ми било непријатно да го седнам и да го прашувам кај ја носел за годишнина, па чек ќе бегаме од тоа место, немој случајно ќе му се вратат спомени, па која поза и’ била омилена, што неќела да јаде...или пак ко што гледам помаливе, абе се убиваат копирајќи ја бившата на типов. И пак идеме до тоа дека работите се индивидуално гледиште.
Рекла-казала секогаш ќе има, ама ако јас ставам на срце кој што ќе ми каже, далеку ќе догурам. Среќа го надраснав тој период кој ми создаваше нервози, па сега си викам каква глупача сум била.
Отворен муабет, децо. Ако не сте спремни на истиот, значи не сте биле спремни тој некој да го пуштите во поинтимен круг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: elizabetta

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Затоа што машко кон машко има почит ,женско кон женско нема. За тоа сте си сами криви. Машко на машко ќе му каже фраер ,ако излага со повеќе женски ,а женско на женско ќе и рече к*рва. Ако се почитувате вие како пол и како индивидуи повеќе меѓу себе,тогаш и машките ќе ве почитуваат повеќе :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се извинувам за латиницата,текстот е преземен но соодветен. :D
ZENSKA POEZIJA
Zelim muskarca koji je lep, mudar i jak,
koji voli razgovor lak...
... Muskarca koji misli pre nego kaze,
koji mi laska i nikad ne laze...
Muskarca ciji je posao sjajan,
i bankovni konto nista manje nego bajan...
Galantan, uvek pri ruci,
da mi uvek pomogne kad sam u muci...
Muskarca koji moju dusu treba,
a ne da me samo u krevetu vreba...
Takvog muskarca ja zelim celim svojim bicem voleti,
citav svoj zivot ga postovati.

MUSKA POEZIJA
Zelim bogatu, gluvonemu nimfomanku s vanserijskim sisama i cvrstim dupetom.
Uz sve to da ima i svoju kafanu, veliki auto s koznim sedistima i 30-metarski gliser.
Znam da se bas ne rimuje, ali boli me kurac!