Спомени од школските денови

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јас пак мислев дека ке напишеш и ти колку симппатии си имал,па да ни се смеат и на двајцата заедно.
Тогаш симпатиите беа персони на кои им се дивевме само од страна,па скоро дури и без флертување.
И ми се чудат кога велам дека ги имав и седум понекогаш :D
Ај нека не глумат,сега денешниве школарци имаат само по толку мувачи а кој знае колку симпатии :giggle.
Многу сакав да ја бришам таблата,се натпреварувавме кој поубаво ке ја избрише.
Едвај чекав учителката,професорот,да ме прати по креди или било што до другото оделение,не кажувам зошто (wasntme)
Наташа од трето три...
Ко за мене да е пишувана таа песна.
Знаеш, јас собрав храброст да и’ пишам писменце и да и’ го ставам во една тетратка идниот ден ми удри толку тежок шамар.. уше ми зуи во уши
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ги обожавам деновите од основно. Имав доста кул и интересни соученици и многу се дружевме.

Средно пак ми беше сосема споротивното. Немам баш некои убави спомени од моето средно училиште. Учев во најкатастрофалниот клас со најзлобните помпезни размазени деца. Ништо паметно не излагаше од нивните устите, освен навреди, исмеавања и понижувања. Работата беше, убивај или биди убиен. Океј, можеби не било до толку лошо, но во тој период така ми се чинеше. :giggle Јас си се дружев со мала група на луѓе со кои си ги создадов најлудите тинејџерски спомени, надвор од училиштето. Не сакам ни да почнам да зборам за професорите и глупостите што се случиле на нивните предавања. |-( Едноставно, секое утро кога станував за на училиште, додека пополека се влечев поспана до купатило, во себе вриштев "Го мразам школото! Зошто станав за тоа срање?! ЗОШТО?! Зошто од убав сон во топол кревет јас станувам за да мрзнам надвор и да бидам опколена со идиоти?! ЗОШТО?!". И така, секој ден. :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and kizzo

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
основно онака, дека сменив и град и училишта така некако додека да трепнам заврши..е после гимназија најубавите денови ни беа....бев прва година и имав симпатија од 4 та кој не знаеше дека постојам ( очекувано .) )....забавите, дружбите, учењето....екскурзиите.....незнам па после трета и четврта коа ги створив оние пријателства кои ми се до ден денешен...часовите по италијански и смешките...нервозното чувство пред тест по математика....читањето на Алберт Ками , Шекспир, одењето на литературна секција, хор...и уште незнам шо само за да бидеш ослободен од часеви:D....професорката по философија....излегувањето у кафуле кај шо знаеш дека нема да те пуштат а таму се сите од 4 та(brokenheart)...смешки, плачки, горчливо - слатки љубови...и се на се НАЈУБАВОТО СРЕДНО ever !!!!
 

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Тоа...тие денови е едно од најубавите(НАЈУБАВО) времиња.Тука се случуваат првите убави нешта.Посебно во средно....пребрзо поминуваат тие неколку година на крја смао остануваат сеќавањата...тогаш се гледаш со сите што потоа ќе ги гледаш еднас месечно(само неколку пати годишно) сите викаат најубаво е тоа време но сега ако на некој во средно му го кажеш тоа(како што мене ми викале) нема да го земи така сериозно затоа што ќе се сети ан утрешната домашна и напорните часови и тестови...ама факт е дека тоа време е еднаш и треба со полна пареа да се искористат тие единствени моменти за подочна да станат носталгични сеќавања на тоа убаво време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and kizzo

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Основно ми беше преубаво. Такви другарства имам создадено , не знам...пораснавме заедно. Семејство од 38 мали душичиња. И ден денес кога ќе ги видам срцево ми се полни. Знам од прво до четврто доаѓавме порано во училишниот двор и ја чекавме учителката да дојде и финтата ни беше кој прв ќе истрча да ја испогушка....претежно женските тоа правевме.
Со машките имавме однос на гурање, подудрување и грубост, за од истите машки за нова година добиеме честитка со шакира, бритни или мараја кери , и внатре само нежности и убави зборови. Контрадикторност до крај...едвај ми објасни мајка ми дека така покажувале машките симпатија. :)
Кога дојде петто, како летото да прошле неколку години а не три месеци. Некако брзо израснавме, и нормално првата симпатија ми е од мојот клас со кој бевме преогромни другари во наредните години (еднаш пробавме и врска во средно и тука ја зафркнавме.. но тоа не е сега тема)
Од основно ги паметам преубавите приредби (на песната од ХХL - 100% те љубам, од каролина - од нас зависи и мнооогу други), невините и некористољубиви дружби, милите наставнички, а и оние немилите. И по некои мали непријатности.

Средното ми помина многу брзо... не го искористив како што можев и се каам за некои работи. Првите 2 години се дружев со погрешни таканаречени другарки од кои добив буквално едно од поголемите разочарувања , за потоа во 3та и 4та уживам со новите другарки кои и ден денес ми се најдобри. Како генерација бевме сложни, можеби не се дружевме сите заедно ама за поважните одлуки еден глас имавме. Екскурзијата во трета дефинитивно ќе ми остане во сеќавање. Лудостииии

Убави денови... убави спомени. Дури и најлошата ситуација која сум ја мислела за зини земјо голтниме ...сега се сеќавам со огромна насмевка на неа.