Предизвик за читање на книги - 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty leveL

  • easy - 25 книги

    Гласови: 8 28.6%
  • normal - 35 книги

    Гласови: 9 32.1%
  • hard core - 45 книги

    Гласови: 11 39.3%

  • Вкупно гласале
    28
Статус
Затворена за нови мислења.

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Баук сум за прераскажување на кратко, сите детали ми се некако важни, ама ајде да пробам.
Книгава е прекрасна. Ја прочитав за 1 ден т.е. вчера.:giggle

1. Easy - Tamara Weber - 166

Се работи за девојката Jacqueline, како таа поминува низ ненадејниот прекин на нејзината тригодишна, а воедно и прва, врска со нејзиното - веќе бившо - момче Kennedy. На вечерта на Halloween забавата на братството од кампусот, Buck, ривал на нејзиното бившо момче, пробува да изврши полов напад врз неа на паркингот пред куќата, но ја спасува мистериозно момче кое ја води до интернатот и ја сместува. По некое време таа открива кој е, на прв поглед бунтовно момче кое не се грижи многу за неговото образование по име Лукас. Поради справувањето со бившото момче, Jacqueline мора да оди на додатни часови по макроекономија. Бидејќи не може да го усогласи распоредот, туторот Landon Maxwell ја подучува преку e-mail. Она што всушност таа не го знае е дека туторот и бунтовното момче од последната клупа се истиот човек - Lucas Landon Maxwell.
И се заубуваат овие еден со друг ама таа дознава дека тој крие мрачно минато позади него.
На крај сите се разоткриваат, кој каков е и што крие во себе. Таа се префрла на студии за music performance во Орегон, тој наоѓа работа ептен близу до неа и сите си живееја среќно до крајот на животот....

One down, 44 to go :wavespin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Рушен

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Јас покрај мојата стручна литература Vitamins - Their role in human body од 440 страни, се двомев со каква книга да ја почнам годинава, најмногу ми го привлече вниманието Доналд Трамп Размислувај како шампион. Ја започнав денес 200 страни е па за ден-два ќе се навратам пак во темава.
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
02 Одговори – Кен Хем, Џон Сарфати, Карл Виленд – 359 Страници

Интересна книга. Опишани се одговорит на 20те прашања кои најчесто се поставуваат/ле за настанокот на светот во кој денеска живееме. Книгата е напишана од тројца писатели и вреди да се прочита, издадена е 2003 година. Ја читам по втор пат книгава, кој ја нема читано нека ја прочита.
 

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
2. "Шепнувачот" -Донато Каризи (n)

3. "Катедралата на морето" -Илдефонсо Фалконес (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
2. Perfect Chemistry = 363
3. Rules of Attraction = 202
И двете книги се од Simone Elkeles.
Ме мрзи да пишувам за што се работи, да ја довршам четвртава и сите ќе ги опишам (детално) (yawn)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Роберт Л. Стивенсон - „Киднапиран“ - 244 страници
- Добра е содржината, ми се допаѓа периодот кој го опфаќа.
Се случува 1751 година, и ми се допаѓа начинот на кој е тоа кажано. Книгата почнува со следнава реченица: „Приказната за моите авантури започна едно утро во месец јуни, летото Господово 1751-во.“
Вака некако започна и Папата Јована ако добро се сеќавам, исто и таа ми се допадна баш со начинот на објаснување кој период ќе го опфати.
Оваа приказна претставува една убава авантурситичка сторија за тоа како Дејвид тргнува да си го бара својот чичко. Ама интересниот детал е што Дејвид нема ни да претпоставува во каква опасност ќе западне, бидејќи тој не ни знае каков подлец е всушност неговиот чичко.
Мене искрено ме фасцинираа сите опасности со кои што се сретна Дејвид по качувањето на бродот.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
1. Името на розата - Умберто Еко (750 стр)

Фасцинантен роман, барем според мене.
Можеби ми требаше подолго време да го прочитам али вредеше.
Прв пат се сретнувам со стилот на Еко, и ме воодушеви.
Накратко, се работи за мистериозни убиства во еден средновековен италијански манастир.
Случајно во манастирот ќе допатуваат еден поранешен член на шпанската инквизиција и неговиот ученик.
Од тука започнуваат да се одвиваат настаните.
Но ова е повеќе од обичен трилер. Ќе наидете на многу теолошки расправи, многу живописни описи на манастирот и ликовите, на религијата (на католицизмот), на човековата природа.
Како подвижна мала енциклопедија, со еден збор ќе ви го разработи мозокот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.