Људи имам идеја за нова кампања. Сте ги гледале спотојте од кампањата „Сонцето изгрева за сите“? На пример тој со попот и оџата, нешто како треба да се поштуемо ова, она. Мене најитересна ми е со децата: -Јас сум Јован, а ова се моите другари Ружди и Елвис. На велигден кај мене заедно кршиме јајца, на бајрам кај Ружди јадеме баклава, а кај Елвис одиме на ѓурѓовден. Абе срциња...
Мојата идеја е нешто слична, а условите се созреани максимално. Тоа би изгледало отприлика вака:
Сцена 1 (Човек со капче на вмро-дпмне и маица преродбата продолжува): -Здраво, се викам Перо, годинава на велигден одлучив да ги посетам и куќите на моите пријатели од сдсм, ќе соберам јајца и од таму, па макар биле и плави.
Сцена 2 (детенце облечено со плаво блузиче на кое пишуе за твојата иднина и со знаменце од сдсм во рака): -Годинава тато ќе ме носи на роденден кај Маја, чии родители се симпатизери на вмро-дпмне и ние таму ќе се дружиме.
Да не е трагично, ќе беше смешно... А бре, македонче, до кое дереџе дојде, да се напаѓаш меѓу себе и некој толку лесно да може да те манипулира за личен интерес...