Дедо мраз (овој сегашниов со црвена одора) е творевина на Кока кола компани за да ги залажува капиталистичките општества на човечност.
Не се сеќаам дали сум верувал некад на ова. Можеби затоа што као копиљ сум ја имал онаа дарба да препознаам маткање или пак сум растен во реалистично атеистички свет, каде ме имаат учено со онаа поговоркана - you reap what you sow. Сум глумел лудило на нови години као дете, ама сум бил 100% свесен дека подароците всушност потекнуваат од нечиј џеб, а не торбата на Дедо Мраз. Таа торба повеќе ја идеализирам како симбол на душевно изненадување. Рецимо се дешава НГ и баш во тоа време (од 24 дек. до 15ти јан.) некој му текнало да ме изненади со пријатна посета/покана да се видиме. Тоа е за мене изненадување за НГ.