СДК пред да коментирате на некоја тема, читајте го воведот на истата!
Некогаш (доста често), им завидувам на малите гратчиња.
Тивко е, маглата што ја има не ти ги уништува толку белите дробови, можеш да дишеш, луѓето се мирни. Животот тече поинаку.
Има и немаштија, ама и Скопје е исто.
Богати поретко, ама и Скопје е исто.
Врти-сучи се враќам секогаш на цените. Како да не, кога се скоро двојно пониски, а платата секаде е иста.
Немаштија владее на глобално ниво на ова мало парче земја, ама мирот што го нудат малите места ми е идиличен.
Ќе рече некој не е така, луѓето само зборуваат за други, не си берат гајле за своето, ами за туѓото. Е арно де. И тука исто.
Ми треба поинаква динамика, поспоро темпо.
Друже по'рно да те оговараат отколку да ти страдат бели дробови. Jа сфаќаш разликатаСе согласувам, само ќе те цитирам за болдираното, за пример ќе го земам Гевгелија, мирен град, тишина - да, многу чист не е загаден, но кај и да поминеш каде и да излезеш што и да правиш ќе те оговараат, ако шеташ на ладново- не си нормална, ако спортуваш - пак не си нормална и се такви мислења од околните граѓани, ама нели кој ги шиша нив си гледаме за себе, никаде не е идеално.