Вицови

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Трпе отишол на ручек кај родителите на девојката. Седат на маса и таткото на девојката:
- Ај Трпе да наздравиме!
- Јас со сокче ќе се чукнам, не пијам алкохол.
- Браво бе, а пушиш?
- Не!
- Да не се коцкаш?
- Скраја да е, ни у кладилница не влагам!
- Аман бе Трпе, имаш некоја мана?
- Пааа… по малку подлажувам!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: elizabetta and Trajche

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Една кокошка снесла јајце тешко пет килограми.
Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:
- Како се случи тоа?
- Тајна...
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да снесам јајце тешко шест килограми.
Потоа репортерот го прашува петелот:
- Како се случи тоа?
- Тајна.
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да му ја скршам главата на нојот!
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Влегува малото синче со таткото во продавница.Детето до касата забележува чудни мастики.
-Тато,ај купи ми ги овие мастики.
-Не сине,тоа се кондоми,ги користат машките кога ќе пораснат за да имат сигурен секс.
-А зошто се овие спакувани по три во кутија?
-Тоа се кондоми за средношколци;еден во петок,еден во сабота и еден во недела.
-А овие што се спакувани по шест?
-Тоа се сине за студенти,два во петок,два во сабота и два во недела.
-А овие по 12 во кутија?
-Е тоа сине се за женети,еден во јануари,еден во февруари,еден во март...
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Професорката: Не седи како во кафана.
Ученикот: ти не ми стој како келнерка.
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Во ординацијата на познат психијатар лежи пациент и го објаснува својот проблем:
- „Докторе секој ноќ го сонувам истиот сон. Имено, сонувам како лежам во некоја вила во џакузи опкружен со многу познати манекенки, пејачки, водителки... Згодни келнерки во топлес ни точат најквалитетно шампањско и нè служат со најскапиот кавијар. Кога на златниот послужавник ќе ни донесат кокаин за шмркање тоа е знак дека оргиите може да почнат. Тогаш светлото малку се придушува и...“
Психијатарот го прекинува:
- „Извинете, направете мала пауза. Помрднете се малку да легнам покрај вас!“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Воспитувачка во градинка му помага на детето да ги облече чизмите. Тоа туркало, таа влечела, но чизмите никако да легнат на ноџињата. Кога едвај успеала...

...да му ги навлече, целата препотена, речиси се онесвестила кога малиот и рекол:

-Ама сте ми ги облекле обратно... левата на десна нога, десната на лева.“

И навистина. Не било лесно повторно да му ги соблече и облече, но, на крај чизмите
си биле секоја на вистинската нога.
Малиот тогаш викнал:
- „Тоа не се моите чизми“.
Воспитувачката се гризнала за јазик за да не вресне. -„Зошто не ми го кажа ова порано???!!!“ И со напор повторно му ги соблекла чизмите.
Тогаш малиот продолжил: „Чизмите се од брат ми. Мама ми ги даде мене“.
Воспитувачката не знаела дали да плаче или да се смее... после повторна мака, чизмите биле повторно на нозете.
Тогаш таа го прашала детето: „А, каде ти се ракавичките?“
Детето одговорило: „Па ги сокрив во чизмите!“
 

S.B.

Активен Член
3 декември 2012
73
144
33
35
Прилеп
Маж и жена ..прва брачна ноќ...
жената : -срце мое знаеш дека си ми втор и сега сигурно сакаш да се увериш колку сум се сочувала за тебе и колку сум тесна нели ?
мажот: -фала богу дојде и тој ден..
жената: -ај стави прст....може ?
мажот: -може..
жената: -ај стави рака ....може ?
мажот: -може..
жената: -ај стави две раце ...може ?
мажот : -може де..
жената : е ај сега напрај тапишини-тапшини танана ...може ???
мажот: - не може...
жената : -е па не може ... што ти реков ... :rofl:rofl:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi