Патот до успехот

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Успех...колку тоа слатко звучи.
Сите сакаме да сме успешни во различни области од животот.Некои сакаат успех на факултет,други сакаат успех на работа, трети сакаат успех во љубовта, а некои сакаат успех во сите овие свери.
Ништо не е спорно ако некој сака да биде успешен напротив тоа е добро, ама не е баш во ред патот кој некои го изодуваат до тој успех.Имено, за некои тоа е макотрпно искачување придружено со многу падови а пак за други се само неколку лесни чекори.
Сигурен сум дека секој знае по некој кој макотрпно работел и успеал.Некој кој целиот свој живот го посветил на нешто, за него важно.Некој кој го изодел тој тежок пат и успеал да постигне нешто, нешто несекојдневно.Од друга страна пак мора да знаете и по некој кој....налседил висока фунција,богат се родил, со "лижење" го постигнал тоа што го има или тоа што е сега.
Сигурен сум дека вториот тип на "успешни" се побројни од првиот тип.
Дополнително, како добредојден од нивна страна е овај испреплетен систем на либерален капитализам.
Зошто е тоа така.....затоа што сме луѓе....затоа што е во нашата природа да имаме повеќе...да сме над некого...да контролираме некого...да имаме авторитет врз некого.
Проблемот е што некои тоа си го сфатиле премногу буквално и така сме дојдени до ситуацијата до која што сме дојдени.
Како пример би ги зел неколку личности што ги знам...нивната мотивација ми ствара морници, нивниот интузијазам и издржливост секогаш ме зачудуваат.При целиот тој процес најважное тоа што останале "луѓе"
Од друга страна пак многу ги има оние другите...со нивната антипатичност и арогантос само дополнително покажуваат дека колку и станови да имаат или колку и мерцедеси да имаат сепак тоа не вреди ништо.Многу се и оние кои се родиле богати, за нив е лесно.Тие никогаш не делеле играчки со совјот брат или сестра затоа што имало доволно и за двајцата, никогаш не останала попуста неостварена желба да му се купи тоа што ќе го посака, па колку и скапо да е.Резултат од тоа што истите тие се разглаени и незнаат како е да се нема па така "подарените" пари ги трошат за скапи "играчки" и останати глупости што пак резултира со тоа што брзо "бунарот" ќе пресуши а апри веќе ќе нема.Па така закличуваме дека нивниот преземен изоден пат до успехот брзо завршува.

Оовј текст нека биде за сите оние фалш доктори на нaуки кои извонредно глумат професори и се мислат дека се големи интелектуалци, на оние кои глумат "директори" на оделенија кои и самите не ги знаат, на оние кои шибаат со бугарски мерцедеси и се прават најаки, на оние кои седат во кафулињата и зборуваат истовремено на два телеофни на кои, меѓу другото им се исклучени поради неплатени сметки а во џебовите им стојат по неколку блокирани платежни картички кои ги ваѓаат само кога сакаат да "шармираат" некоја девојка.
Овде ќе завршам со една мисла чиј автор не го знам ама знам дека многу добро знаел што кажал...

"Успехот се остварува на патот кон врвот, а не на самиот врв."
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Добра тема.
Посебно ми се допага последната реченица ..Успехот се остварува на патот кон врвот,а не на самиот врв...
Неможам да сфатам едно нешто,
зошто тие богати и разгалени размислуваат на тој начин??
Неможам да сфатам зошто сето она безпотребно материјално игра толку голема улога во овој живот???
Како можеше до тој степен да отиде работава??
Зарем е важно кој каква кола има и кој колку пари има??
Не верувам дека сето тоа ке направат поголем човек од некого,дека ке направат да биде некој повреден,само ако тој некој вози мерцедес,а не југо или што знам обична кола.
И што ако вози југо или пак точак,не е вреден и достоен да разговара со мене???
Мислам дека баш тој ке има многу повеке да каже,
него синот на директорот кој е толку сиромашен што нема други теми на разговор освен:
еј знаеш што купив бе пеер??
еј знеш која ја легнав бе пеер??
еј види го сељакон,види му ги фармерките,носи но нејм,пеер аххххаххах дошол од провинција и сака да студира ,сељак си останува сељак пеер хахххахахха...
ете тоа знаат....
Погледнете дека многумина во западните земји ги оставаат колите и преогаат на точаци,подобро е за еколошката околина и поефтино е..Треба да се биде скромен
и задоволен со она што се има..а она што се нема,се нема..што сега??
Изгледа како лугето да живеат за да видат другите како живеат,да покажат нешто од себе пари,мок и слично,
а устваи се толку сиромашни во себе..
Искомлексирани,незадоволни со она што го имаат,незнаејки сето тоа да го искористат во позитивна насока.
Тие се толку ниски...
А пак останатите кои се љубоморни на сето тоа имање или немање се уште полоши за мене.
Се расфрлаат со парите на тато,кои тато ги крадел на секој можен начин од државата,а уствари незнаеме колку се два и два.
Немаат ни грам образование,а седнале во некоја фотеља и сакаат да ја водат државата,фирмите и сл..
И ај сеа ке се делиме на богати и сиромашни..
Ти си сиромашен и немаш што да кажеш,не си достоен да седиш со нас..татко ти е земјоделец,татко ми е директор на фирмата..
Кој си ти???
Се гадам од вакви работи,одвартно.
Зарем е важно што имаш??
Може кругот и да се сврти понатака,што тогаш??
Може и среката ке се насмее на некој кој се трудел во својот живот???
Ама во Мак.среката не се насмевнува без врски и пријатели во поголемите кругови.
И кога ке се насмее среката на некој тогаш е неизбежно и тој некој да биде како и оние кои се веке во тие кругови,за да би опстанал,иначе можно е,набрзински да биде вратен таму кај што почнал.
Погледнете ги само нашите парламентарци??
Дебели гладни стоки кои само мислат на своето его и својот џеб..
ај да не претерувам мислам доволно е,само ме иритира целиот тој систем,кој не им овозможува никаква
можност за просперирање на младите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Krofna and Sebastian

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
за мене би било да ја пронајдам причината на моето постоење,ете тоа би било успех.
да најдам одговор на некои за мене битни работи..
на материјалност и не размислувам,небитна ствар...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
за мене би било да ја пронајдам причината на моето постоење,ете тоа би било успех.
да најдам одговор на некои за мене битни работи..
на материјалност и не размислувам,небитна ствар...

Навистина веруваш дека има причина твоето постоење? Зошто би имало причина нечие минорно постоење некаде во универзумот?

(патем имаше една слична тема, нешто Смислата на животот беше. Ѕирни таму)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena