Sci-Fi, акција, драма, од луѓето кои ја направија Lost.
Еден ден, снемува струја насекаде во светот, се престанува да работи и светот се враќа во нецивилизација. Тука спаѓаат авионите, болниците, тенковите, цела модерна технологија. После 15 години, луѓето живеат во селца, растат храна, и навечер користат лампи на масло и свеќи.
Целото дејство е свртено кон една девојка, чиј татко мистериозно ќе биде поврзан со "затемнувањето". Еден ден, армијата ќе дојде во нивното село барајќи го него, но во несогласување и противење ќе го убијат, а неговите син ќе го киднапираат. Од тој момент, ќерка му ќе тргне во потрага по брат и, заедно со девојката и најдобриот пријател на татко и. Тие ќе заминат во Чикаго, да го најдат братот на татко и, бидејќи тој е добар во убивање луѓе, и исто така е поврзан со "затемнувањето".
Сега за сега, добра ми е серијата. Има супер ефекти и интересна приказна.