Да не го должиме многу, отприлика знаеме што е морал. Накратко збир на правила и норми креирани од општеството т.е. заедницата кои разликуваат добро од лошо.
Но во темава би сакал да разгледаме една друга страна на моралот. Моралот претставува однапред пропишан калап за „нормална“ личност во заедницата. Но дали навистина моралот е кај сите ист или сите само се плашиме да ги кажеме нашите вистински морални вредности затоа што така би излегле од кругот на нормалните? Дали со самото тоа моралот предизвикува нешто наречено „сериско производство“ на личности, односно моралот е калапот кој ги обликува личностите кои припаѓаат во кругот?
Кои се вашите гледишта кон тоа. Што за вас навистина представува моралот?
Моето мислење е дека моралот е голем апсурд кој постојано се негира самиот. Ај да претпоставиме дека некој е „ненормална“ единка која не е во оној кругот на нормалата. Да речеме дека моралните вредности на таа единка се малку искривени во споредба со моралните вредности на веќемината (споредувам морални вредности, тоа значи и дека нормалните ги земам за референтна точка со која ќе правам споредби). Што мислите дека би се случило со таа единка? Јас претпоставувам или ќе заврши во ментална установа затворена во четири бели ѕидови со душеци и ќе добива дневна доза медикаменти се` со цел да успеат да ја вратат во нормала, или ќе заврши разговарајќи со психолог кој ќе се обиде да ја врати во кругот, или ќе заврши на некој остров како експериментално глувче. Дали тоа е добро? Дали со тоа не се нарушува слободата на избор на личноста? И те како се нарушува. Тука нормалниот морал изигрува добродетел, но всушност само ја отргнува личноста од себе. Единката можеби ќе се врати во нормалниот круг, но дали ќе е среќна така? Ќе глуми дека е нормална само за да не ја трпи таа ментална тортура и ќе заврши далеку од себе.