Влијанието на медиумите врз младите

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Би сакала да ви укажам на една тема многу значајна за нас.Ќе говорам за медиумите поконкретно за телевизијата и нејзиното неизбежно влијание врз младината но и врз секој човек.Медиумите моментално во овој XXI век претставуваат највлијателен фактор во секојдневието на нас обичните смртници кои мн тешко ја сфаќаме реалната слика за светот и реалноста која секојдневно не опкружува.Живееме во некој имагинарен свет плод на нашите искомплексирани умови.Токму тоа ни го прават медиумите, не приближуваат до некоја точка на реалноста.Да, сфаќам...Но каква помпезност луѓе...Се сами негативности,слушаме за поплави, земјотреси низ светот, случаи на силувања, педофилија...Па кого го интересира ова?Дали размислуваат дека овие работи пред 24часот ги следат и малечки умови кои се како сунѓер впиваат се што ќе им се пласира, слушаат и разни психички болни умови со разни фикс идеи.Жив пример,после масакрот кој се случи во Холандија во некое училиште кога некој Холанѓанец инспириран од некоја видео игра изврши масакр врз голем бр на деца, еден мој другар се заинтересира по секоја цена да ја пронајде таа видео игра.Зарем не гледате што ни пласираат медиумите, ни ги сервираат на тацна работите на кои не треба ни да помислиме.Гледам се повеќе насилства во медиумите, а се помалку едукативни емисии.Чист пример се ТВ сериите.Се поголем е бројот на серии со насилства,грозни убиства, крвопролевања..Зошто не се емитуваат се повеќе хумористични серии кои се апсолутен хит во светот?Дали всушност ние народот им придаваме толку големо значение на таквите серии, полни со фрустрации и неконтролиран гнев?Додека сме кај сериите,сега најактуелни се турските серии.Им го знаеме и почетокот и крајот.Се запознаваат,се сакаат, заедно се, едниот се разболува, оздравува, другиот го изневерува,на крај пак се заедно и среќно си живеат бла бла бла.Кога на нешто му го знаеш и почетокот и крајот ќе ти биде возбудливо?Ни малце.Не велам не,блиски се до нашиот менталитет, но ова е премногу, на кој канал да свртиш, гледаш дека Кога лисјата паѓаат, Величенствениот седи Под сенката на врбите или Ифет станала Малечката невеста...Банални ми се веќе.Па мислам јасно ви е, нема шанси да ги допаметиш.Поконкретно би сакала да кажам за една од најактуелните серии моментално кај нас Долина на волците која искрено мене ми е многу одбивна.Но стана апсолутен хит, се печатат и маици и тетратки со нив,па што не друго.А знаете кој најмногу се “пали” на нив?Децата!За жал..Има некоја психологија во самата серија но најтрагично е што никој не обрнува внимание на тоа децава ги интересира само оној грознион дел со убиства,пукања, кршење на вратови,крвопролевања..Го гледам брат ми,серијава ја следи со толкаво внимание што е чудо едно.И после тоа цел ден прави пау пау низ дома со пиштолите на вода во рака.Кажете ми што може едно 5,6,10 годишно дете да научи од сето ова.Не дај боже да се навратам на шпанските серии кои одреден период ги оборуваа сите рекорди на гледаност.Од нив научивме многу раб.Научивме дека на крај човек може и сам на себе да си испедне татко.Научивме дека не е срамота да се мами, да се изневерува, дека сексот не е љубов туку само предмет на манипулација меѓу луѓето.Исто така научивме и дека кога нема да можеме да си го задржиме дечкото или мажот да го излажиме дека сме бремени, а во меѓувреме да забремениме од неговиот најдобар пријател..страшно, какви сознанија :/ За цртаните, и тие веќе не се тоа што беа.Каде се оние цртани за кои ни раскажуваат родителите со сјај во очите, каде е Бранко коцкица, па каде се оние цртани од поблиското минато како Штрумфовите?Или едноставно ваквите содржајни цртани повеќе не носат пари?Сега ги имаме Нинџа желки, Телетабиси..Глупости.Едните живеат во канализација и пропагираат насилство во секој случај, а другиве пак нон стоп се удираат со стомаците и скокаат во некоја си дупка и тоа им причинува задоволство.Дури родителите се побунија дека бил создаден и геј лик, т.е. геј телетабис кој го декларираат како машко а носи црвена женска ташна, о боже со што се занимаваат луѓево.Демек тоа лошо влијаело на нивните деца.Ами тоа останатото со што целосно им го затупуваат мозокот на децава, тоа не е важно така?Целта ми беше која е поуката која може да ја извадиме од овие цртани?Каде е овде онаа едукација која постојано се пропагира на бесплатните владини реклами.Знаењето е сила, знаењето е моќ!Замисли си :-P Зборувам лично во свое име, тотално сум разочарана од она што почнаа да го претставуваат медиумите кај нас.Ретки се, многу се ретки оние канали кои што навистина содржат интересни содржини и едукативни работи како Discovery.Но исто така знам и дека ретки се оние кои што вртејќи по каналите ќе застанат баш на овој канал.Всушност нема ни да стигнат до него, претходно ќе наидат на Pinc, ќе ја видат Сека Алексич полугола, па нормално дека тука ќе застанат.Тоа беше она што не интересира,глупоста,кичот,голотијата,секој вид на неморално однесување, и зошто?Поради слава и пари и ништо друго.Штета, штета што растеме во вакво општество во вакви средини, штета и за наредните генерации, нема што да им оставиме.Вака не се градат личности, цврсти личности кои ќе знаат што сакаат во животот.Вака само создаваме искомплексирани и исфрустрирани ликови кои се водат под влијание на туѓи мислења и ставови.Овој начин на живот не може да се измени преку ноќ, свесна сум за тоа.Но е во постепена тенденција кон постепено изменување на начинот на кој медиумите ги презентираат информациите.Чисто за да престанеме да живееме во магла!
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
И онака нема ништо повозбудливо на денешницава од тоа кој што направил на фејсбук и дали Африм и Реџепа се помириле. Не само децата што попримаат „Долина на волците“ attitude и нереални погледи врз реалноста, туку ми се чиини дека постариве се поиспрани, со оглед на тоа колку се соживуваат со секој лик.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho and slb_bobo

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Не го прочитав цел текст, пошто ми е мнгоу непрегледен, но веднаш ќе те цитирам во втората реченица

„Ќе говорам за медиумите поконкретно за телевизијата и нејзиното неизбежно влијание врз младината но и врз секој човек.„

Неизбежно влијание? Ма дај, тоа сам си одлучуваш дали медиумите ќе влијаат врз тебе или не, јас на пример не гледам телевизија, ни вести ни серии, ни филмови, ни емисии зборам за нашите телевизии пошто се е срање, а и да го пуштам телевизорот и да гледам ни 1% нема да влијаат на мене, едноставно јас не им дозволувам. Ќе кажам се зависи до човекот, а тоа што гледаат деца 1-во 2-ро одд, такви очајни серии тоа е се до родителите пошто и они ги гледаат тие, и децата покрај нив, наместо да седне со него да го научи нешто дали од учебникот или да гледаат нешто паметно на Дискавери, они си гледаат турски срања и ги плачат и жалат.
И на крај не знам зошто го напишав сето ова кога се изнервирав од целава ситуација.
Фала многу.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Не го прочитав текстот, но баш прееска размислував за ова. Слегов прееска доле да јадам, мојве ја гледаа таа Ифет, и наеднаш тој вика задните 10 минути од епизодава догледајте ги после другиот филм кој следи. Ватафак?! Хахаха, па добро бе кај го има ова?!
У која држава и на која телевизија го има ова да ти ја допрат епизодата и да ти речат догледај ја после, хахах.
У која држава и на која телевизизија даваат две серии одма една по друга?
У која држава и на која телевизија програмата е 80% серии(турско-индиски шо е најстрашното), 10% реклами и 10% вести?
У која држава телевизиите по цел ден даваат само серии и тоа од некоја друга рандом држава?
Ова е веќе алармантно, страхота. Се дешава масовно перење мозок, масовна отоманизација.
Закржлавениот и неук македонски мозок ужива гледајќи ги турските серии бидејќи само и нив може да ги свари.
Дајте да ставиме на кантар што повеќе се гледа; дали некоја серија од запад каде што тематиката е наука, технологија, интелигенција или пак туско индиски серии за дебили каде што тематиката е прељуба, пукање, плачење, квичење, алах...Одговорот е таму некаде...
За старциве нема враќање, но барем младинава да ги заштитевме некако од оваа чума.
Госпо нека ни е напомош.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Интересно. телевизија немам гледано одамна. Весник немам прочитано одамна. За настаните во државава се информирам од форум (некој вид на медиум).
Ако станиш зависник, епа си нае*ал :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Проблем кој по инто треба да се реши...Да не должам многу медиумите кај нас се катасрофа.Полошо неможе да биде само подобро.Премногу се вметнати идниските и турските серии(порано проблем имаше со шпанските) а премалку едукативни емисии и квалитетни филмови.А сето тоа е затоа што медиумските куќи сакаат профит.Не им е гајле за тоа дека им даваат ѓубре на граѓаните...важно е само да се има профит.А профит ќе се има се додека турскиве и иднискиве серии ќе ни бидат во центар.
Да не одам подалеку исто е и во Србија...гледам нешто еве Хрвадска дека се обидува а и успева да внесе малку луфта во овај сегмет.
Инаку можам една кратка споредба да дадам со Гермаската телевизија, подолго време ги пратам таму програмите.Не е можно колкав е квалитет таму во ова поле.Значи има се за секого од најстар до најмал.точно определено до тоа до тоа време денес има емисии анимирани серии и филмови за деца потоа почнува нешто од емисиите пр.Има емисија која е финасирана од самата телевизија во која се бараат социјално загрозени семејства кој ете немаат никакви услови со катасрофи куќи и невработени.Цел тим мајстори се праѓа па им ја прават куќата цело време се снима, ем има гледаност и ем се направило нешто добро.
Потоа има ептен јаки серии и може стари ама многу добри филмови(кои инаку се синхронизирани не како кај нас туку се е планирано до секунда и гласовите се специјално одбрани и дури зачудувачки е колку тоа е се професионално изработено)
Што се однесува до вестите...траат нецели десетина минути а најмалку се зборува за политика а водителите си ја вршат работата а не како кај нас да изиграваат политички аналитичари.
Викедите се резервирани за најразлични едукативни емисии..значи тука се даваат совети за подобар успех во кој било сегмет, се објаснуваат некои работи да ти е мерак да гледаш.Едино нешто што е малку зафркнато е маркетингот...премногу траат рекламите.Ама барем добиените сретства се реинвестираат во телевизијата па така има уште подобри серии и филмови.
Некои серии што сега гои имаат земено некои македонски телевизии таму ги имаше уште пред пет,шест години може и порано.
Исто така работа што вреди да се спомне е сопствениците на тие телевизии...значи никогаш не слушнав да кажат кој е сопственикот и што има и што нема.Значи тие само си се бизнисмени, си го гледаат профитот си земаат и определуваат буџет на телевизијата останатите работи си ги вршат уредници и останат персонал.Не диктираат никакви вест а и не се мешаат во политика.А кај нас добро знаеме како е ситуацијата.
Мислам дека влијанието на медиумите таму се рефлектира и врз менталитетот на луѓето.Исто така вреди да се спомне дека апсолутно не се труе народот со политички маркетинг...освен пред избори каде со закон мора да се емитуваат определн број на минути од таквата програма(некој мизерен број беше нз точно дали 1.5 или 2 минути) а тоа се претежно некои смешни спотови каде нема навреди и омаловажувања на противниците.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
Не го прочитав цел текст, пошто ми е мнгоу непрегледен, но веднаш ќе те цитирам во втората реченица

„Ќе говорам за медиумите поконкретно за телевизијата и нејзиното неизбежно влијание врз младината но и врз секој човек.„

Неизбежно влијание? Ма дај, тоа сам си одлучуваш дали медиумите ќе влијаат врз тебе или не, јас на пример не гледам телевизија, ни вести ни серии, ни филмови, ни емисии зборам за нашите телевизии пошто се е срање, а и да го пуштам телевизорот и да гледам ни 1% нема да влијаат на мене, едноставно јас не им дозволувам. Ќе кажам се зависи до човекот, а тоа што гледаат деца 1-во 2-ро одд, такви очајни серии тоа е се до родителите пошто и они ги гледаат тие, и децата покрај нив, наместо да седне со него да го научи нешто дали од учебникот или да гледаат нешто паметно на Дискавери, они си гледаат турски срања и ги плачат и жалат.
И на крај не знам зошто го напишав сето ова кога се изнервирав од целава ситуација.
Фала многу.
аман море чоек -.- не мораш да се нервираш се прајт муабет