Ако не се лажам оваа ти е прва година на факултет, значи прва колоквиумска сесија. И уште одма ќе се откажуваш? Аман, ако сите се откажувале после првиот обид, кај би бил светов сега...
Значи Најти најубаво ти објасна, пробај да го промениш начинот на учење. Не им одговара на сите истата техника.
Еден пример ќе ти дадам. Јас секогаш учам ноќта пред колоквиум, значи после полноќ до сабајле, па преспивам 2-3 часа и после одам на колоквиум (или испит, исто). Така ми е најлесно, најмногу ми одговара и гледам дека ги постигнувам посакуваните резултати. Една колешка се заинаети дека и таа можела исто. Падна по 4 предмети од 6. Значи поентата ми е да си најдеш некој начин кој тебе ќе ти одговара, а не како сите така и ти.
Предлог од мене ти е да почнеш да учиш по малку барем една недела пред колоквиумите. Така, ако нешто не ти е јасно имаш доволно време да се консултираш со професорот, или со некој од колегите кој може да ти објасни.
И тоа со повторувањето на глас многу помага, можда звучи смешно или детски, ама сериозно е полесно за памтење.
Со среќа наредната сесија.