Психички замор при учење

Rodeo Tvrdo

Активен Член
20 мај 2012
98
68
28
Скопје
Оваа недела ми е веќе преку глава. По цели ноќи не спијам, и од 4 предмети положив само еден. Нешто не е во ред, само учам, учам, и на крај никакви резултати, а некои што воопшто немаат научено ги положија сите колоквиуми... Толку непреспани ноќи, и на крај само еден предмет положен. Да неучев, немаше да се фрустрирам, ама ова моево е веќе ненормално! Ви се случило на вам вакво нешто, и како сте го решиле, или мислите дека е време да се отпишам од факултет?
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Не ти е пореметена психата :sreken Едноставно таков ти е периодот, или пак обрни внимание на начинот на кој учиш. Нека биде повеќе сконцентрирано и квалитетно отколку квантитативно во часови :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rodeo Tvrdo

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Никако другарче, нема отпишување од факултет за една „мала“ пречка.
Смени го од корен начинот на учење, пробај поинаку -
Пробај денски да учиш, сабајлечки, периодот од 8 до кај 12-13 и мозокот ти работи најидеално, зошто не се обидеш? Да речеме учи во дози од еден час, после кои ќе правиш 10-ина минути пауза, да се размрдаш, да не почнеш да се чувствуваш флегматично, и така 4-5 часа во денот. Истовремено, пиј витамин Б6 (Бедоксин), по можност пред легнување и/или веднаш по станување. Го имаш во сите аптеки, евтин е, и делува смирувачки на мозокот, особено кога главата ти е жешка во вакви периоди. :zelen
Исто така, си пробал да повторуваш на глас? Сериозно, помага, зашто самото тоа што го слушаш она што го зборуваш прави да е полесно за помнење. :)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Ако не се лажам оваа ти е прва година на факултет, значи прва колоквиумска сесија. И уште одма ќе се откажуваш? Аман, ако сите се откажувале после првиот обид, кај би бил светов сега... :)
Значи Најти најубаво ти објасна, пробај да го промениш начинот на учење. Не им одговара на сите истата техника.
Еден пример ќе ти дадам. Јас секогаш учам ноќта пред колоквиум, значи после полноќ до сабајле, па преспивам 2-3 часа и после одам на колоквиум (или испит, исто). Така ми е најлесно, најмногу ми одговара и гледам дека ги постигнувам посакуваните резултати. Една колешка се заинаети дека и таа можела исто. Падна по 4 предмети од 6. Значи поентата ми е да си најдеш некој начин кој тебе ќе ти одговара, а не како сите така и ти.
Предлог од мене ти е да почнеш да учиш по малку барем една недела пред колоквиумите. Така, ако нешто не ти е јасно имаш доволно време да се консултираш со професорот, или со некој од колегите кој може да ти објасни.
И тоа со повторувањето на глас многу помага, можда звучи смешно или детски, ама сериозно е полесно за памтење.
Со среќа наредната сесија. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rodeo Tvrdo and WomanInRed

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Има многу работи што тука не ги имаш набројано. На пример кој факс учиш. После тоа као што погоре спомна Nighty како го распределуваш времето за учењето. Не дека е претешко, но има и нешто што се вика начин н греење на столчето. Трето, дали го сакаш она што го учиш? Сеа ќе ми кажеш као има предмети кои не чинат, глупости... Да те просветлам, за разлика од сега, пред 5 години беше дам бетер. Па ипак и тогаш се завршуело факс. Не те критикувам, далеку од тоа, само треба да ја фатиш работата малку повеќе сериозно. А под сериозно, велам да не си ја тупиш главата со небитни факти, туку да ја сфаќаш материјата и да одделиш битно од небитно. Истотака горе што ти спомнаа да смениш начин и време на учење. Ако не знаеш да разграничиш битно од небитно, учиш се` и ништо, учиш поради диплома а не поради љубов, мењај место. Џаба ти е диплома за нешто што го нејќеш, освен ако сакаш да се курчиш дека демек си завршил факс. Денес сите завршуваат факс. Боље фаќај она што ти лежи, и имаш далеку повеќе можност да го работиш. Под можност мислам на љубов, воља, желба... you name it.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Оваа недела ми е веќе преку глава. По цели ноќи не спијам, и од 4 предмети положив само еден. Нешто не е во ред, само учам, учам, и на крај никакви резултати, а некои што воопшто немаат научено ги положија сите колоквиуми... Толку непреспани ноќи, и на крај само еден предмет положен. Да неучев, немаше да се фрустрирам, ама ова моево е веќе ненормално! Ви се случило на вам вакво нешто, и како сте го решиле, или мислите дека е време да се отпишам од факултет?
Значи истаааа е ситуацијата и кај мене.Незнам кога спијам...незнам до дома кога последно излегов(неброејќи ги претрчувањата до маркет)...дневна светлина гледам само КОГА ОДАМ НА ПОЛАГАЊЕ...на диета со нескафе,енерхетски,цигари и кока кола.Учам...барем знам дека учам и пак....или премногу мали резултати(ама не се жалам положено си е положено со колку како то е друго) или воопшто никакви резултати.
Нешто што и мене премногу ме скрева е тоа што некои што јас им се јавувам утрото за да станат на колоквиум да се довлечкаат ќе положат а не знаат како зигледа книгата....-_-
Што се однесува до спиењето...цела вечер стража...нешто ќе чепнам книга дента цел ден на кафе и енегргетски пак книга...во кај 15:00 негде ќе ме фати дремка и ќе легнам да спијам...ќе се разбудам па кај 20:00 уште ќе ми се спие..па ќе си речам ај уште 5 минути...па после 12 ќе се разбудам :mad :mad :mad...пријателиве скроз запоставени...незнма кој каде е до каде е што прави...и нензма колку пати сум рекол ебати факсот корупмиран....само еден совет...не се одкажувај...ова е само период ќе помине со самото завржување на сесијата...совет за учење ако има купишта теорија една дебела тетратка пред тебе за белешки и се што е најважно пишувај.Добиениот матријал ем е помал...ем со свој зборови многууу подобро ќе го разбериш.Не практикувам дирекно во кннига да цртам со маркер...од проста причина што само кога ќе видеш дека те чекаат 300 страници а ти до 58 си стигнал...вака во тетратка е многу помалку и го има тоа што е најважно.Уште еден совет вов рска со одкажувањето....да си на факултет е сепак привилегија...знам неколку кои не се запишани(претежно од финансиски причини) а кој ако почнат со тоа сигурно ќе постигат многу...затоа малце мотивација нека ти биде и тоа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rodeo Tvrdo

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Брат не се поебуј не се откажуј !!!
ја се апу за гз сга (треаше мноо апострофи туја), мноо се кају што га остави факултет
немој и ти !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rodeo Tvrdo

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Не е некогаш се во учењето, имам колешка, девојчево многу добро го знам дека и во средно заедно учевме, еве сега втора година сме а таа од прва само 3 предмети има положено и тоа морам да напоменам дека 2 предмети беа само семинарска да се направи и фактични има положено само еден предмет преку колоквиум/ испит. А ако верувате учи дупло повеќе од мене, море кое дупло тридупло и пак немат резултати. Ама девојчето уште од средно многу напамет бубаше, затоа се согласувам со погорешните мислења, дека треба да го смениш начинот на учење. Вади си прашања од материјалот, она што сметаш дека е поважно, јас морам да кажам дека во последно време практикувам во тетратка некои работи кои сметам дека се поважни си ги запишувам во тетратка за ден пред колоквиум/испит набрзина да го пофторам тоа.
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Не е некогаш се во учењето, имам колешка, девојчево многу добро го знам дека и во средно заедно учевме, еве сега втора година сме а таа од прва само 3 предмети има положено и тоа морам да напоменам дека 2 предмети беа само семинарска да се направи и фактични има положено само еден предмет преку колоквиум/ испит. А ако верувате учи дупло повеќе од мене, море кое дупло тридупло и пак немат резултати. Ама девојчето уште од средно многу напамет бубаше, затоа се согласувам со погорешните мислења, дека треба да го смениш начинот на учење. Вади си прашања од материјалот, она што сметаш дека е поважно, јас морам да кажам дека во последно време практикувам во тетратка некои работи кои сметам дека се поважни си ги запишувам во тетратка за ден пред колоквиум/испит набрзина да го пофторам тоа.
Истото го правам и јас што се однесува до вадењето делови од амтријалот.Мислам дека најлесен начин да се "упрости" матријалотот ем пократок матријал ем со свои зборови...сеа тоа проблем е со некои професори си имаат свои книги и си забаар од збор до збор...-_-
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rodeo Tvrdo